Бизнисмени од Македонија и Бугарија ќе разговараат за интензивирање на трговијата меѓу двете земји
Објавено во: Економија 09 Јули, 2013 10:23
Бизнисмени од Македонија и од Бугарија денеска во Скопје ќе разговараат за интензивирање на трговијата и индустриската размена меѓу двете земји.
Бугарските бизнисмени кои престојуваат во Македонија во организација на Македонско-Бугарската стопанска комора, се предводени од претседателот на Трговската комора на Бугарија, Рачо Цветков, и потпретседателот на Асоцијацијата на индустриски капитал на Бугарија, Стефан Василев.
Бизнисмените ќе разговараат и за организирање на бизнис средби во Софија и Скопје.
На средбите се очекува презентација на конкретни интереси за вмрежување на корпорациските планови за пораст на вкупната размена меѓу двете економии и вземни инвестиции.
Можеби ќе ве интересира
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија




