Бизнисмени внимавајте: за издавање задолжница без покритие следи затвор!
Објавено во: Економија 10 Јануари, 2013 09:00
Измените на Кривичниот законик, предвидуваат дека : „ Тој кој ќе издаде акцептен налог, за кој знае дека во моментот на пристигнување на наплатата ќе нема средства на неговата сметка во износ на кој е издаден акцептниот налог, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години “
Во случај пак : „ Ако сторителот не можел да знае дека во моментот на пристигнување на наплатата ќе нема средства на неговата сметка во износ на кој гласи акцептниот налог, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година“.
Владата ја воведе задолжницата пред неколку месеци, односно на крајот на минатата година, со цел да се осигура наплатата на долговите меѓу компаниите. Иако државата си ги призна долговите што ги има кон приватните фирми, обелоденувајќи и јавно дека и таа е дел од должничко - доверителскиот круг, сепак за државата не важи овој финансиски инструмент. Односно приватните фирмите не можат од државата да бараат, да им издаде задолжница за да имаат гаранција за сигурна наплата во одреден временски рок за работите што ги вршат и услугите што ги даваат. Иако се очекуваше со задолжницата да се намали презадолженоста и да се подобри ликвидноста на стопанството, сепак досега се издадени само околу педесетина.
Задолжницата се добива на нотар кој преку централниот регистар проверува дали сметките на должникот се блокирани, дали има стечајна или ликвидациона постапка, дали се изречени санкции за дејноста. Задолжницата се издава на лимитиран износ односно на 30 отсто од вкупниот приход остварен минатата година.
Доколку должникот нема пари, тогаш банката му ги блокира сите сметки, со што доаѓа до израз втората функција на задолжницата, односно таа да се употребува и како извршно решение за наплата од непаричен имот избегнувајќи ги на тој начин судските постапки.
Задолжницата се издава доброволно.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





