19 Декември, 2025
0.0529

БИЗНИСМЕНИТЕ ЗАГРИЖЕНИ: Капиталните расходи жртва на ребалансот во буџетот

Објавено во: Економија 28 Јуни, 2016 12:35

Добивај вести на Viber

Намалувањето на капиталните инвестиции што е предвидено со ребалансот на Буџетот негативно ќе се одрази врз стопанството, реагираат дел од бизнисмените. Дел од стопанствениците велат дека ваквото кратење на парите за инфраструктурни проекти е очекувано, а за сметка на тоа Владата ги зголемува средствата за популистичките ставки.

Од Стопанската комора на Северозападна Македонија велат дека и со овој ребаланс Владата не им излегува во пресрет на компаниите, особено на оние кои работат на инфраструктурни проекти.

„Пролонгираната политичка криза негативно влијае врз целото стопанство,  а исто така и врз полнењето на Буџетот. Со ребалансот само се потврди тоа што го очекувавме, дека прва ставка каде што се намалуваат трошоците се капиталните инвестиции. Ние и претходно кажавме дека капиталните инвестиции во претходните пет години беа на најниско можно ниво и дека тоа не е одраз на потребите на стопанството. Намалувањето на капиталните инвестиции е нешто што е очекувано и тоа не значи дека оваа Влада ќе излезе во пресрет на побарувањата на стопанството. Сметам дека приоритет повторно ќе бидат социјалните трансфери, а не другите потреби, како на пример оние на компаниите. Намалувањето на капиталните инвестиции ќе има негативни последици врз стопанството затоа што тековните проекти или оние што беа планирани нема да се реализираат, но исто така стравувањето е дека нема да се сервисираат потребите по однос на веќе постоечките договори, затоа што иако се вели дека полнењето на Буџетот од даноци е во благ пораст, ние сметаме дека сегашната техничка Влада нема да биде во состојба да ги сервисира адекватно потребите на стопанството“, вели Фатмир Битиќи, од  Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Од Стопанската комора на Македонија очекуваат дека со кратењето нема да бидат опфатени инфраструктурните проекти кои се од значење за економијата. Порачуваат да не се наруши темпото на реализација на клучните инфраструктурни проекти, бидејќи од нив зависи работата на компаниите.

„Тоа што за бизнис заедницата е од најголемо значење е при секој ребаланс да се има во предвид фактот да не се врши непотребно кратење на парите наменети за развој за инфраструктурата, без разлика дали е патна или железничка. Сите оние планови кои се зацртани од институциите за реализарање на овие капитални проекти треба да продолжат и во иднина оти од нив во голема мера зависи и работењето и економското делувањње на компаниите во следниот период. Ние подетално ќе го разгледаме ребалансот, во кои ставки има намалување,  иако беше наведено веќе дека нема да има намалување на клучните инфрастурктурни проекти кои што се однесуваат на Коридорот 10 и Коридорот 8. А согласно на тоа и на проектите поврзани до енергетската инфраструктура и дека дури се предвидени некои дополнителни средства за патот кој е дел од коридорот 10. Така што ние ќе направиме дополнителна анализа и соодветно на тоа доколку е потребно и ќе реагираме. Очекуваме дека проектите за кои како што биле поставени и договорени условите така ќе продолжат да се спроведуваат и во иднина“, вели Билјана Пеева Ѓуриќ, од Стопанската комора на Македонија.

Дел од економистите посочуваат дека капиталните инвестиции се тие кои што ја движат економијата, а сега повторно се жртва, за што крајно сметката ќе ја плати стопанството.

„Имено, со ребалансот тековните расходи растат, под притисок на сите претходно-дадени ветувања, додека жртва на кратењата на буџетските трошења, како и секогаш претходно, се капиталните расходи. Ние и целата експертска јавност и порано укажуваше дека капиталните расходи се тие кои што треба да го движат стопанството и економијата, а тоа се покажа и минатата година.Сметам дека ваквото кратење нема да се одрази поволно на тековната економска состојба и стопанствениците дополнително ќе го почуствуваат ова кратење“, вели Благица Петрески, извршен директор на Институтот за економски истражувања и политики „Finance think“.

Со ребалансот на Буџетот, капиталните инвестиции од првично планираните 412 милиони евра, сега се намалени на 366,9 милиони евра, или 45 милиони евра помалку за инфраструктурни проекти. Освен кај капиталните рассходи, со ребалансот се намалени средствата за субвенции и трансфери, трансфери, стоки и услуги, трансфери за општините. Но при тоа се зголемуваат сумите предвидени за социјални трансфери, плати и надоместоци. Во образложението на ребалнсот стои дека кратење е извршено кај оние буџетски корисници кај кои била евидентирана забавена динамика на релизација или постигнување на одредени заштеди.

Со ребалансот вкупните приходи, се планирани на 2,834 милијарди евра, а преходно беа планирани на 2,883 милијарди евра. Расходите сега се планирани на 3,178 милијарди евра, а претходно беа планирани на 3,191 милијарди евра. Растот на БДП од 4 отсто се ревидираше на 2,3 отсто. Дефицитотот од 308,7 милиони евра е продлабочен на  344.4 милиони евра, или од 3,2 на 3,6 отсто од БДП. Финансираето на дефицитот ќе се врши преку домашно и странско задолжување. Но со ребалансот е планирано забавувањена темпото на задолжување дома, но засилено задолжување на надворешен пазар. Па така  со ребалансот на буџетот, првично предвидените задолжувањата на домашен пазар од 307,2 милиони евра, се намалуваат на 137,2 милиони евра, што  е за 170 милиони евра помалку, сума кој ќе се бара од странските пазари. Од друга страна наместо првично предвидените 371, 7 милиони евра, сега се превидува задолжувањето на странските пазари да изнесува 556 милиони евра.

Т.Н

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар