16 Јануари, 2025
0.0337

Бизнисменот Орце Камчев влезе во фабриката „Европа“

Објавено во: Економија 03 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Стопанска банка Битола е нов сопственик на 9, 39 % од акциите на фабриката за кондиторски производи Европа АД Скопје. Банката која од неодамна е дел од групацијата на бизнисменот Орце Камчев акциите ги купи во три трансакции на берзата на три дена пред Нова година. Се истргуваа 24.005 акции по просечна цена од 3.145 денари, или за 37 % пониско од референтната цена. Стопанска Банка Битола акциите ги купи за вкупна вредност од 1,22 милиони евра. Според извештајот на Централниот депозитар за хартии од вредност најголем акционер во Европа е Макошпед кој поседува 19, 05 % од акциите, Фершпед со 18, 06 % од акциите, Ветфарм Трејд со 10, 51%, а 10 % поседува и самата фабрика. Следува Стопанска банка Битола со 9, 39 %. Други позначајни акционери се  Мила Левентич и Есамедин Хасани со по 8 % од акциите.

Новата акционерска структура значи дека Стопанска Банка Битола купила 6, 3 проценти од акциите од фирмата Вет Фарм Трејд, која се поврзува со српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ, а останатите 3 проценти од акциите најверојатно се купени од Јака 80, исто така фирма на Стефановиќ. Станува збор за купување на акции преку извршител, односно акциите биле оставени во банката како обезбедување за заем. Логично е таа постапка да продолжи во наредниот период со оглед на тоа дека Ветфарм Трејд има уште 10 проценти од акциите. Налози за продажба има на уште 26861 акција по номинална цена од 50 евра. Инаку „Европа“ беше интересна и минатиот месец кога Фершпед најпрвин купи 3, 71 % од акциите од Фондот за Пиом, а потоа за речиси иста сума од нешто над 120 илјади евра истите акции ги продаде, но тогаш не беше обелоденето кој е купувачот. Дека Фершпед влезе и излезе од фабриката со 3, 71 % од акциите потврди во известување до Комисијата за хартии од вредност и самата „Европа“. Макошпед и Фершпед и натаму се најголеми поединечни акционери во фабриката со по 19 односно 18 проценти од акциите. Интересно е да се види како во следниот период ќе функционира фабриката бидејќи акционерската структура во оваа фабрика никогаш не била по „шарена“, во однос на блискоста на сопствениците со едната, односно со другата владејачка структура.

Европа според јавно објавените информации на Комисијата за хартии од вредност работи профитабилно. Добивката пред оданочување за првите девет месеци од оваа година е зголемена за скоро три пати и изнесува 320 илјади евра, а во претходната година истата  изнесуваше 114 илјади евра.

Можеби ќе ве интересира

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

ПРОДАДЕН ДЕЛ ОД ИМОТОТ НА ПОРАНЕШНО „ФЕНИ“: Авансно ќе се делат парите од стечајната маса

ПРОДАДЕН ДЕЛ ОД ИМОТОТ НА ПОРАНЕШНО „ФЕНИ“: Авансно ќе се делат парите од стечајната маса

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ДАНОЧНО НАМАЛУВАЊЕ КАЈ ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД И ДАНОКОТ НА ДОБИВКА - ова се деталите од Управата за јавни приходи

ДАНОЧНО НАМАЛУВАЊЕ КАЈ ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД И ДАНОКОТ НА ДОБИВКА - ова се деталите од Управата за јавни приходи

САКААТ ДА ГИ ЗАБРАНАТ РУСКИОТ ЛНГ И АЛУМИНИУМ: Брисел подготвува нов пакет санкции против Москва

САКААТ ДА ГИ ЗАБРАНАТ РУСКИОТ ЛНГ И АЛУМИНИУМ: Брисел подготвува нов пакет санкции против Москва

ЕНЕРГЕТСКИ ЈАЗ: Европа ризикува да не ги исполни своите цели за складирање гас за следната зима

ЕНЕРГЕТСКИ ЈАЗ: Европа ризикува да не ги исполни своите цели за складирање гас за следната зима

ТРАЈЧЕ ЗАЕВ МУ ГИ ПРОДАДЕ СИТЕ СВОИ АКЦИИ ВО „ГЕРАС ЦУНЕВ“ НА СВОЈОТ БРАТУЧЕД - еве колку плати Вице Заев за струмичката конфекција

ТРАЈЧЕ ЗАЕВ МУ ГИ ПРОДАДЕ СИТЕ СВОИ АКЦИИ ВО „ГЕРАС ЦУНЕВ“ НА СВОЈОТ БРАТУЧЕД - еве колку плати Вице Заев за струмичката конфекција

Зошто Украинците посегнаа по гасоводот „Турски ток“ и дали е ова „катиљ ферман“ за Ердоган?

Зошто Украинците посегнаа по гасоводот „Турски ток“ и дали е ова „катиљ ферман“ за Ердоган?