Бизнисот е скептичен за состојбата на европската економија
Објавено во: Анализа 19 Јули, 2014 08:00
Меѓународните инвеститори го делат мислењето дека економијата на еврозоната се наоѓа во најлошата состојба досега. Според многумина Европската централна банка не прави доволно за да помогне за ослободување од кризата.
Повеќе од тројца ја опишуваат економијата на регионот како влошена чие темпо најмногу се забрза од месец мај 2013 година, кога Европа излезе од рецесијата. 77% пак како најголема закана ја посочуваат дефлацијата.
"Економијата на еврозоната се влошува", посочува Cирил Блез, потпретседател на Banco Bilbao Vizcaya Argentaria SA во Мадрид и учесник во анкетата.
Обновените грижи за Европа се пренесуваат и на остатокот од светот. Повеќе од една третина од анкетираните очекуваат подобрување на глобалната економија, откако нивото е најниско од ноември минатата година. Според 44 отсто економијата е стабилна, а помалку од еден на секои пет очекува влошување.
Во обид да ја зајакне 18-члената еврозона Европската централна банка воведе невиден збир на мерки во текот на минатиот месец, вклучувајќи рекордно низок референтна каматна стапка, негативна камата на банкарските депозити и нови евтини заеми за банките. Иако и за овие чекори три од десет испитаници велат дека монетарната политика на ЕЦБ сеуште е премногу ограничувачка. Речиси 40 отсто веруваат дека позицијата на централната банка е правилна, додека еден на секои четири мисли дека е премногу агресивна. "Јас сум скептичен дека властите ги признаваат проблемите целосно, а политиката ќе продолжи да заостанува од настаните", посочи Мајк Јенсен, главен инвестициски директор на британски пензиски фонд. Иако владее песимизам околу ситуацијата во еврозоната пазарот е наклонет кон претседателот на ЕЦБ Марио Драги, откако речиси три четвртини од испитаниците се задоволни од неговата работа. Песимизмот во анкетата за еврозоната не е толку широко распространет, како во минатото, кога инвеститорите ја ставаа во прашање иднината на девизниот блок. 36% од испитаниците во последната анкета ја опишаа економијата на регионот како стабилна. Во декември 2011 година, за време на средината на кризата со еврото, 9% го заземаа овој став, додека 87 отсто гледаа дека претстстои крах на европската монетарна унија. К.К.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





