05 Мај, 2024
0.0237

Благодатите на Алое вера

Објавено во: Стил 22 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Алое вера е билка која содржи повеќе од 200 потврдени состојки, полезни за човековото здравје. Постојат повеќе од 250 видови на алое, но со најмногу лековити својства се само 3-4 вида. Најлековита е Aloe Barbadensis Miller, што ја открил ботаничарот Милер на островот Барбадос. Алое успева во најтоплиот тропски појас. Целосно развиеното растение во просек е високо 75-120 сантиметри и има 12-15 листови, широки 10-13 сантиметри, дебелина 2-3 милиметри. Листовите се распоредени во форма на розета. Младите листови растат внатре високо, надворешните претставуваат стари листови. Еден лист тежи 1,5-2 килограми. Корењата на алое вера се релативно кратки и лежат само на земјата. Тоа е и причината што алое вера има потреба од многу вода.

Маста од алое вера се користи за третирање на разните промени што може да се случат на телото. Најефикасна е за благи изгореници, псоријаза, акни итн. Исто така, се користи за третман на хемороиди и проширени вени. Гелот од алое вера содржи антивоспалителни супстанци и се користи за третман на рани од убоди од инсекти. Алое вера е најдобро познатиот лек за третман на кожата.

Маста од алое вера ја зацврстува кожата, ја прави пофлексибилна и ја лади. Создава слој врз кожата и има смирувачки ефект. Најчесто, оваа маст ја користат младите луѓе и оние кои имаат проблеми со акни. Гелот од алое вера се користи и за спречување на појавата на дамки на лицето како последица од стареењето.

Алое вера може да се користи и орално

Ова значи дека алое вера може да се пие во форма на сок или да се јаде како дел од различни рецепти. Иако истражувањата не дадоа финални резултати за ефектите од алое вера како пијалак, прелиминарните резултати велат дека овој сок е погоден за луѓето кои страдаат од кој било вид дијабетес, артритис или чир на желудникот.

Алое вера како лаксатив

Доколку користите алое вера, треба да сте свесни дека поголеми количества можат да предизвикаат несакани нус појави. Најизразената нус појава од претерано користење на алое вера е ефектот на лаксатив.

Алое вера е одличен лаксатив и токму затоа е неопходно правилно дозирање, за да се избегнат несаканите ефекти. Лаксативот од алое вера е исклучително силен и затоа докторите го препишуваат само кога е апсолутно неопходно. Доколку претерате со конзумирањето на алое вера, можно е да се соочите со дехидрација поради претерано исфрлање на измет, што потоа предизвикува недостиг на електролити во слузокожата од гастроинтестиналниот тракт.