Близу 1 милион заразени со коронавирусот во светот, црн ден во Шпанија
Објавено во: Свет, Корона Вирус 02 Април, 2020 13:29
Во светот до 13 часот се потврдени 950.708 лицa заразени со новиот коронавирус, од кои починати се 48.311, а оздравеле 202.826 луѓе.
На Балканот, во БиХ досега се потврдени 512 случаја на зараза со коронавирус. Дваесет се излекувани, а 15 починати, додека во Словенија бројот се зголеми за нови 56 лица и достигна бројка од 897. Потврдено е дека од последици на вирусот починале 16 луѓе. И Албанија јавува за досега потврдени 277 заразени случаи, а 16 се починати. Вкупно 79 лица се хоспитализирани, од кои седуммина се наоѓаат на интензивна нега.
Во Европа, посебно критичен ден за Шпанија. Во последните 24 часа починале 950 луѓе во државата, со што вкупниот број сега изнесува 10.003. Тоа е најголем број на жртви за едно деноноќие во Шпанија. Воедно ова е шести ден по ред во кој умираат над 800 луѓе во рок од 24 часа. Во земјата заразени се 110.238 лица, а повеќе од 54.000 се хоспитализирани.
Кина, каде епидемијата на новиот коронавирус првпат изби во декември минатата година, забележа помал број на новозаразени, но мерките кои го ограничуваат движењето се заострени во некои делови на земјата поради страв од појава на повеќе случаи на зараза од странство.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




