16 Мај, 2025
0.1652

Блокадата на рускиот гас преку Украина предизвика шок на берзите

Објавено во: Економија 11 Август, 2024 08:34

Добивај вести на Viber

Блокадата на протокот на гас од Русија кон Европа преку Украина и воената акција на украинските сили во Русија ги потиснаа цените на резервите на гас на стариот континент на највисоко ниво од почетокот на годината.

Тргувањето на најголемата европска берза за гас во Холандија е затворено во петокот по цена од 41 евро за мегават-час, што е раст од 14 отсто од почетокот на неделата, пренесува SEEbiz.

Предвременото запирање на транзитот на гас преку Украина, во светло на упадот на украинските војници во југозападна Русија оваа недела, може да доведе до скок на зимските цени за дополнителни 17 отсто од сегашните нивоа на околу 50 евра за мегават-час. Пазарот дефинитивно реагира на заканата и таа не е занемарлива.

Вниманието на засегнатите страни на европскиот пазар на гас го привлече и информацијата дека украинските сили во својата кампања во рускиот регион Курск ја зазеле постројката за компресија на гас Суја во близина на истоимениот град. Монтелњуз пренесува информација од украинската компанија која стопанисува со гасоводи дека немаат сознанија за запленувањето на Суја и дека немало прекин на протокот на гас од внатрешноста кон Суја.

Иако, потсетува порталот, се очекуваше до крајот на годината да престане протокот на руски гас низ Украина, сегашната загуба на руското снабдување преку таа рута ќе ги намали очекуваните залихи на гас во европските магацини на крајот на октомври.

Во исто време, празнењето на залихите надвор од очекуваното темпо веројатно нема да биде проблем за претстојната грејна сезона, но неговото надополнување во 2025 година би било „многу тешко“, заклучува Монтелњуз.


Можеби ќе ве интересира

Фактор анализа КОЧАНИ – ВИНИЦА 2024: Виница прави најголем алаш-вериш во Источна Македонија! Кои се најголемите во Виница и Кочани?

Фактор анализа КОЧАНИ – ВИНИЦА 2024: Виница прави најголем алаш-вериш во Источна Македонија! Кои се најголемите во Виница и Кочани?

„СО МАКЕДОНСКА ПЛАТА, МОЖЕЛО ДА СЕ КУПИ ПРОСЕЧНО 4 ПАТИ ПОМАЛКУ ГАС ОТКОЛКУ СО УНГАРСКАТА“: Професорот Трајковски потсетува на неуспехот како држава

„СО МАКЕДОНСКА ПЛАТА, МОЖЕЛО ДА СЕ КУПИ ПРОСЕЧНО 4 ПАТИ ПОМАЛКУ ГАС ОТКОЛКУ СО УНГАРСКАТА“: Професорот Трајковски потсетува на неуспехот како држава

ПРАВИЛОТО „78 ОТСТО“ И ВО ЕСМ? Платата на директорите и до 2.500 евра

ПРАВИЛОТО „78 ОТСТО“ И ВО ЕСМ? Платата на директорите и до 2.500 евра

ГОТОВО Е, ОТПУШТААТ 7.000 РАБОТНИЦИ: Еве кој гигант одлучи да испрати работници дома

ГОТОВО Е, ОТПУШТААТ 7.000 РАБОТНИЦИ: Еве кој гигант одлучи да испрати работници дома

Нема повеќе обложување на странските веб платформи во Македонија

Нема повеќе обложување на странските веб платформи во Македонија

Бизнисменот Назиф Дестани излегол од „Еуромакс Рисорсес“

Бизнисменот Назиф Дестани излегол од „Еуромакс Рисорсес“

ВОРЕН БАФЕТ КОНЕЧНО ОТКРИ ЗОШТО„БЕРКШИР ХАТАВЕЈ“ МУ ЈА ПРЕДАВА НА АБЕЛ: „Кога наполнив 90 години, почнав да стареам“

ВОРЕН БАФЕТ КОНЕЧНО ОТКРИ ЗОШТО„БЕРКШИР ХАТАВЕЈ“ МУ ЈА ПРЕДАВА НА АБЕЛ: „Кога наполнив 90 години, почнав да стареам“

Фактор анализа КУМАНОВО 2024: Кои се најголемите фирми во Куманово? Три фирми, едно семејство за профит од 10,2 милиони евра!

Фактор анализа КУМАНОВО 2024: Кои се најголемите фирми во Куманово? Три фирми, едно семејство за профит од 10,2 милиони евра!

„Гранит“ ангажирал 30 Индијци за работа на автопатот Кичево - Охрид

„Гранит“ ангажирал 30 Индијци за работа на автопатот Кичево - Охрид