Блокиран имотот на наркобосот Келменди во Сараево
Објавено во: Балкан 19 Мај, 2013 20:10
Судот на Босна и Хeрцеговина блокира седум недвижни имоти на балканскиот наркобос Насер Келменди.
Меѓу запленетиот имот е и познатиот хотел „Каза Гранде” на Илиџа. Со одлука на судот запленети му се и два стана во Сараево и четири куќи со парцели кои се наоѓаат во сараевските населби Храсница и Бутмир, јави косовската телевизија, повикувајќи се на сараевски медиуми.
Босанското обвинителство го товари Келменди за главен водач на криминална група која се занимавала со трговија на дрога и убиства.
Врз основа на потерницата издадена од Интерпол минатата година, Келменди косовската полиција го уапси во Приштина на 5 мај и по два дена основниот суд му изрече едномесечна мерка притвор.
Келменди се смета за шеф на трговијата со дрога на Балканот и Европа, а од минатата година се наоѓа на американската „црна листа“ за учество во една од најголемите организации за шверц на кокаин и хероин во светот.
Келменди по потекло е од Косово со пасош на Босна и Херцеговина. Неговите криминални активности се протегаат низ целиот Балкан, па и во Македонија.
Со месеци беше баран од босанската и црногорската полиција. Заедно со синовите и браќата има неколку хотели и транспортни компании во Босна, Црна Гора, Србија и Косово.
Во голема операција што босанската полиција ја спроведе кон средината на септември лани за апсење на лица кои се занимаваат со организиран криминал, притворени беа 25 лица, но иако главна цел бил Келменди тој успеал да побегне. Веднаш потоа косовските медиуми тврдеа дека тој се крие во родниот Пеќ.
Келменди во изјави за медиуми во регионов негирал негова вклученост во криминали со нелегална трговија. Пред да биде уапсен во Приштина, претходно се шпекулираше дека се крие во Дубаи.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





