Блокиран пристапот до „Твитер“ во Турција поради нападот
Објавено во: Балкан 22 Јули, 2015 12:04
Некои интернет провајдери во Турција го блокираа пристапот до „Твитер“, што е во согласност со судска одлука, за да се спречи ширењето на слики и видеа од нападот пред два дена, објави висок претставник на владата, цитиран од „Ројтерс“.
Претставникот додал дека регулаторните органи не се вмешани во забраната.
Потсетуваме во понеделникот најмалку 32 политички активисти и волонтери загинаа, а над 100 беа повредени во терористички акт во културен центар во Суруч до границата со Сирија. Турските власти сметаат дека тоа е дело на „Исламска држава“.
Покрај забраната на интернет, тоа се однесува и за некои весници и телевизии.
Повеќе корисници на интернет се пожалија по турските форуми дека немаат пристап до „Твитер“.
Земјата неколку пати ги блокира социјалните мрежи од различни причини, но Уставниот суд на Турција одлучи дека тоа е кршење на човековите права.
Во меѓувреме двајца турски полицајци се пронајдени мртви во југоисточниот град Джеиланпинар, во близина на сириската граница, објави локалниот гувернер.
Не е јасно дали нападот е поврзан со тероризам. Според локалните медиуми двајцата полицајци се пронајдени мртви во станбена зграда. „Хуриет“ забележува дека и двајцата се застрелани во главата.
Во исто време премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу претседаваше со состанокот на кабинетот. Дискутирале за затегнување на мерките за безбедност на границата со Сирија.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




