05 Декември, 2025
0.1407

Блокирани сметките на двете претпријатија на Македонски Железници?!?

Објавено во: Економија 14 Јануари, 2013 08:38

Добивај вести на Viber

Македонските железнички компании се соочуваат со опасност од блокирање на сметките.  Фактор ексклузивно дознава дека Агенцијата за регулирање на железнички сообраќај побарала блокирање на сметките на двете компании, МЖ-Транспорт  и МЖ –Инфраструктура. Според информациите што ги имаме, Агенцијата веќе испратила извршни решенија до двете компании, но, засега никој официјално не сооопштува дали сметките се блокирани или само се стигнати извршни решенија дека ќе бидат блокирани. Владини извори, за Фaктор потврдуваат дека има проблем меѓу двете железнички компании и Агенцијата за регулирање на железничкиот сообраќај, но, велат дека истиот проблем ќе биде надминат во текот на денот. Проблемот го потврдуваат и од железничките комапнии, ама засега, официјално не сакаат да кажат која е причината за можноста од блокирање на сметките. Сепак вработените стравуваат дека ако состојбата не се реши наскоро ќе останат без плати. Проблемите во железницата никако да ги надмине ниту една владејачка гарнитура. Иако, во железницата пред повеќе години имаше и отпуштања, и таа беше поделена на два дела, сепак ниту тоа не помогна во целосно надминнување на состојбите, па сега повторно компанијата се соочува со превработеност и запирање на возови поради неисплатени плати. Власта, за да нема отпуштања, бара начин како дел од вработените да ги префли во државни институции, иако со постапката не се согласуваат синдикатите и таа е доведена под знак прашање, дали воопшто ќе успее да се реализира. Ј.Ј.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?