04 Декември, 2024
0.0267

Богатството на починатиот медиумски тајкун на продажба: 100 недвижнини на Силвио Берлускони оди на оглас

Објавено во: Финансии 30 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Децата на Берлускони го продаваат недвижниот имот на татко им, месечните сметки се над милион евра. Наследниците на Силвио Берлускони, неговите пет деца, одлучија да продадат поголем дел од недвижниот имот.

Поранешниот премиер на Италија, лидер на партијата Форца Италија, кој почина на 12 јуни 2023 година, својата кариера во секторот на недвижности ја започна со изградба на населбата Милан 2.

Децата на Силвио Берлускони, кој почина во јуни 2023 година, одлучија да продадат најголем број од неговите вили освен вилата Сан Мартино од 3.500 метри квадратни во градот Аркоре кај Милано, каде што ги помина последните денови од својот живот. Според италијанскиот весник Il sole 24 ore, вредноста на имотот на Берлускони е околу 800 милиони евра, а нивната продажба треба да ја олесни поделбата на наследството, а не поделбата на недвижностите, кои ги има повеќе од 100.

Сите имоти, станови и вили носат високи месечни трошоци за вода и струја, кои само за три вили како онаа на Сардинија, потоа езерото, Азурниот брег и Бријанка надминуваат милион евра годишно.

Децата на Берлускони сакаат да ги продадат сите вили освен премиерската резиденција во која тој живеел 50 години, вилата Сан Мартино, каде се наоѓа семејниот мавзолеј.

Како што јави агенцијата Анса, се продава вила Гернето, резиденција со голем парк од 18 век кај Лезмо во Бријанка, каде Марта Фашина и Силвио Берлускони симболично се венчаа во 2022 година. Оваа вила е во сопственост на Фининвест и нејзината цена е околу 44,8 милиони евра, а Берлускони сакал за време на неговиот живот вилата да стане Универзитет на слободна мисла, пишува РТС.

Се продаваат и вилата Чертоза, огромна зграда на Коста Смералда која чини меѓу 250 и 300 милиони евра, како и две вили на островите Антигва и Барбуда, кои беа планирани за продажба уште пред отворањето на тестаментот. На продажба беа Гранде во древната Апија во Рим, вилата Ла Лампара во Кана со 500 квадратни метри и поглед на море, Вилата Кампари во Леза на езерото Маџоре и вилата Two Palms на островот Лампедуза. За оваа вила од 250 квадратни метри економистот Џани Профита понуди три милиони евра.

Берлускони поседуваше не само вили, туку и многу земјиште, полиња на Коста Тиркиз кај Облија, каде што поранешниот премиер сакаше да изгради огромно одморалиште со вили и терени за голф. Берлускони имал и околу 100 апартмани во Милано, како и киното Фјама во Рим. Наследниците на Берлускони се отворени и за понуди поврзани со две јахти, Morning Glory и Sweet Dragon.

Во последниве денови се појавија гласини дека синот на Берлускони, Пјер Силвио Берлускони, сопственик на телевизиската компанија Медиасет, сака да ја купи вилата Гранде во Рим на Апија Антика, која татко му ја купи за четири милиони евра во 2001 година и ја подари на режисерот и пријателот Франко Зефирели за употреба до 2019 година. Неговата сестра Барбара е заинтересирана за вилата Белведере во Мекери, каде што живеела долго време со своите деца и мајката Веронија Ларио пред разводот. Најстарата ќерка Марина е заинтересирана за вилата Кампари на езерото Маџоре, купена во 2008 година, која содржи 30 соби и прекрасен парк.

Берлускони често престојуваше во палатата Грациоли во Рим, една од неговите резиденции од 1995 до 2020 година, која пред неколку дена стана седиште на Здружението на странски дописници во Италија. На свеченото отворање на новото седиште, еден од новинарите открил тајна врата, која всушност е таен премин.

Новинарот Том Кингтон, кој пишуваше за Тајмс, на Твитер истакна дека тоа веројатно ги спречило гостите тајно да ги напуштат забавите по кои Берлускони бил познат.

Во книгата Il rancore e la speranza Бруно Веспа, најстарата ќерка Марина, претседателот на Фининвест, изјавила дека вилата Сан Мартино треба да остане место за семејно собирање.

„Нашиот татко го сакаше животот, светлината, блискоста со луѓето. Вилата Сан Мартино треба да остане таква, седиште на нашите деловни состаноци, но и место каде што семејството се обединува. Тоа би го сакал да беше жив“, пишува Независне новине.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра