Богдановиќ: Исечени се само осум дрва на „Орце Николов“, биле шупливи и без корен
Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2021
Саша Богдановиќ, градоначалникот на Општина Центар, по вчерашната реакција на граѓаните за сечењето на еден од најубавите дрвореди во Скопје при реконструкцијата на улицата „Орце Николов“, рече дека отстранети се осум дрва кои или биле шупливи или немале корен со што претставувале опасност за граѓаните.
- Ние кога најавивме, најавивме дека нема да фали ниту едно дрво на местото каде што било претходно. Тоа значи дека, доколку сме утврдиле дека одредено дрво е суво и исушено, нормално е дека треба да биде заменето со друго, рече Богдановиќ.
Градоначалникот вели дека денес има екипа на терен каде што се прават подготовки за засадување на нови дрва.
- Јас знам дека граѓаните реагираат на каква било промена во врска со сечата на дрва и зеленило, но да дополнам дека на улицата „Орце Николов“, според тоа што го имаме работено на проектот, има некаде околу 171 дрво. При самите градежни активности се утврдило дека 13 дрва се заболени и се опасност при движење на граѓани, па дури и за објектите при пороен дожд или невреме, вели тој.
Кога се прави реконструкција било утврдено дека дрвјата немаат корени и од 13 решенија, се отстраниле осум од нив.
- Имаше шупливи дрја, а тие што изгледаат наводно здрави на фотографиите, немаат корени. Дрво без корен е ризично. Самите луѓе кои живеат во тие згради се чувствувале загрозено од гранките и се јавувале кај нас, додаде Богдановиќ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.