Богоевски и Ахмети в понеделник на суд
Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2016
Поранешниот разузнавач, Слободан Богоески најави дека в понеделник ќе има рочиште во Граѓанскиот суд, откако Али Ахмети и Муса Џафери од ДУИ, му најавија тужби за граѓанска одговорност.
Се работи за неговиот исказ во Њујоршкиот суд, според кој на актуелни и поранешни функционери во 2005 година им било исплатено мито за случајот „Маѓар Телеком”.
Од Граѓанскиот суд за 24 Вести потврдуваат дека ќе има рочиште во понеделник во 10 часот.
За исказот, поради кој Ахмети и Џафери го тужат за клевета, Богоевски вели дека го дал во судска постапка за претставниците на американската Комисија за хартии од вредност и Њујоршкиот Суд. Тој завчера рече дека имал налог за заштита и обврска за молчење, се додека не заврши постапката за случајот „Маѓар Телеком“.
Американската Комисија за хартии од вредност тврди дека извршни директори на Маѓар Телеком, со лажирани договори поткупувале македонски функионери од 2005 и 2006. Според сведочењето на Богоевски, Али Ахмети и Муса Џафери примиле мито по 2,5 милиони евра.