БОГОЈЕСКИ ЗА БРОЈКАТА НА НОВОЗАБОЛЕНИ: Eднаш засекогаш сите мерки во државата да важат за сите
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Јуни, 2020
Петар Богојески од Македонски концепт на Фејсбук коментира дека бројката на новозаболени изминатите денови покажува дека немаме спас од политичкиот пазар во земјава.
Смета дека треба еднаш засекогаш сите мерки во државата да важат за сите подеднакво.
„Политичките партии ја злоупотребуваат политичката моќ, едните зборуваат само за избори, другите го злоупотребуваат МВР, за да создаваат хаос во земјава! Треба да има нула толеранција за непочитување на законите! Само така нема да има поделби. Нема ништо поважно од тоа да бидеме свесни дека сите заедно сме во ова, дека болеста не бира етничка и политичка припадност, дека со пазарање за прикривање очи пред кршење на мерките не правиме никому добро. Станавме заложници на купување политички поени! Да не беше тоа, бројката денеска сигурно ќе беше едноцифрена на заболени. Време е да се свестиме сите и доста трпиме!!!“, пишува тој.
Во Македонија денеска има седум смртни случаи и 89 нови заразени од коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.