19 Декември, 2025
0.0538

Богов како лошиот гласник: Кој ја „урна“ економијата?

Објавено во: Економија 08 Мај, 2016 08:39

Добивај вести на Viber

Прогнозите за Богов за македонската економија донесоа песимистичко и оптимистичко сценарио. Тој смета дека ако кризата потрае растот ќе падне на само 1, 6 отсто што би било големо надолно отстапување. Тоа би значело околу 170 милиобни евра помалку во економијата од првично планираното. Се очекува раст на БДП од 1,6% за 2016 година, или за 2 процентни поени понизок од основното сценарио. Народна банка смета дека најголемо надолно отстапување би имало кај личната потрошувачка и кај инвестиците, со опасност од дефлација.

„Ваквата ситуација ќе влијае на инвеститорите, очекуваме пониски странски директни инвестиции и намалени домашни инвестиции. Исто така се очекуваат понеповолни движења на пазарот на труд, и секако ризици за финансирање на економијата. Сето ова доведува до последици како намалена кредитна активност, намалена извозна активност, помал економски раст, помалку креирање работни места“ – истакна Богов.

Во првата варијанта пак, ако кризата веднаш заврши можно е да се оствари раст од  3,5  проценти. Сепак, како ќе дојде до крај на кризата во услови на прогласена аболиција и затворен политички дијалог е нејасно. Изборите се веќе неодржливи. Оттаму се чини дека е задоцената реакцијата на Богов да повикува на брз крај на кризата во услови кога е тоа практично неизводливо.

Политичките актери на сцената, пред се оние што се најодгoворни ќе мора да повлечат низа на постапки и отстапки како би можело кризата да се приведува при крај, а ако се знае дека одговорноста за продлабочувањето на проблемот во најголем дел лежи во аболицијата, тогаш ситуацијата не изгледа решлива.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд