19 Декември, 2025
0.0419

БОГОВ УВЕРУВА: Милионите што се одлеваат кон даночните раеви се легални трансакции

Објавено во: Економија 07 Април, 2016 14:00

Добивај вести на Viber

Нема сомнителни трансакции кон офшор зоните, коментира Гувернерот на Народната банка на Македонија.

Првиот човек на Централната банка вели дека ддливите кои се случуваат се направени преку банкарскиот сектор и се целосно легални.

„На такви дестинации има прилив но има и одлив на финансии како и кон сите други дестинации. Одливите кои што се случуваат се секако направени преку банкарскиот сектор и тие се целосно легални. Народната банка врши контрола во банките, ги проверува трансакциите и доколку открие неправилности, банката сноси сериозни последици. Сите банки се придржуваат кон регулативата и тие во платниот промет со странство целосно мора да ја почитуваат постојната законска регулатива околу платниот промет со странство и девизното работење. Така што прво јас не верувам дека некоја банка би се впуштила во вакви трансакции бидејќи тоа би било погубно за самата банка, менаџерите и акционерите во таа банка, а второ кога Народна банка контролира, еднаш годишно, ги контролира сите трансакции и за секоја трансакција која е неправилна има остри санкции кон банките.

НБРМ врши контрола во банките, ги проверува трансакциите и доколку открие неправилности банката сноси сериозни последици, рече Богов и додаде дека сите банки се придржуваат до регулативата“, посочува Богов.

Според Гувернерот парите што се појавуваат во случаи како „Панама пејпрс“ најчесто се изенесени на нелегален начин, а не преку банкарски трансакции и посочува дека ниту една централна банка не може да обезбеди документи за случаи како „Панама пејпрс“, бидејќи како што објаснува тие документи се обезбедуваат со меѓународни договори и спогодби.

Македонски фирми може да имаат сметки во странска земја и да основаат компании во странство, па по тој основ да има и приливи или одливи на пари, меѓутоа, за да се докаже легалноста на тие трансакции треба да се испита начинот како се заработени и дали се платени сите даноци. Од друга страна, Законот за девизно работење забранува Македонци како граѓани да отвораат сметки во странски банки и доколку аферата „Панама пејпрс“ обелодени имиња на македонски граѓани или политичари што чувале пари во Панама или каде било во светот, гувернерот вели дека ќе треба да се отвори истрага.

Во извештајот за Макеоднија, се споменуваат две фирми кои се поврзани со тарнсакции во Панама.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар