Бојко Борисов: Францускиот предлог е најдобар, Петков да не стравува
Објавено во: Балкан 22 Јуни, 2022
Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер на Бугарија, Бојко Борисов, денеска ја коментираше политичката криза во неговата криза и францускиот предлог за деблокада на Македонија го оцени „како најдобар“.
- Сведоци сме на кукавички премиер (Кирил Петков).Како што ветив во саботата, ги прочитавме текстовите на нацрт-одлуката на Советот на ЕУ и преговарачката рамка за РСМ и Албанија. И морам да ви кажам дека текстот е навистина многу добар. Ги вклучува сите опасности и стравувања за Бугарија. Имам доверба во претседателот Макрон, имам доверба во ЕК. Досега се што се случи како добро за Бугарија е благодарение на ЕУ, рече Борисов.
Тој го повика премиерот Кирил Петко да свика итна седница за Северна Македонија во парламентот.
- Разговарав со пратениците на ГЕРБ и ги замолив, ако ми веруваат, да дадат поддршка со давање зелено светло за Северна Македонија и Албанија, додаде Борисов.
Тој појасни дека Бугарија ќе има мнозинство во парламентот на тема Северна Македонија. Борисов се заблагодари на БПЦ за одлуката за признавање на Македонската православна црква - ОА.
- Прашањето за името допрва ќе се разгледува. Им благодариме, тие вчера го направија тоа што го правиме ние денес. Ова е вистинската одлука за иднината на Балканот, ЕУ и Бугарија, изјави Борисов.