Боки 13: Јанева ме одби за емисија, па прашав за нејзиниот невработен син
Објавено во: Македонија 07 Мај, 2020
Бојан Јовановски на денешното рочиште за предметот „Рекет“ рече дека со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, исто така обвинета за истиот случај, прв пат контактирал во септември 2018. Боки 13 рече дека синот на поранешната шефица на СЈО не бил вработен заради изнудување реклами од бизнисмени.
-Никогаш не сум избришал ништо од мобилниот телефон, но ништо не е вештачено за да сето тоа излезе во јавноста. Катица Јанева ја запознав во септември 2018 бидејќи ја побарав да гостува во 1ТВ, и имавме средба во СЈО, но ме одби. Баравме да ја каже животната приказна во емисијата “Лица”, на Кочишки, што мислевме дека ќе биде вистински потег. Тогаш ги видов фотографиите од нејзините деца, како и трагично починатиот сопруг. Така го видов и синот Лазар Јанев, за кој рече дека не е вработен правник. Тогаш понудив да дојде кај нас во правната служба да видиме дали ќе ги исполни нашите барања. По неколку дена ми јавија дека дошол во телевизијата и ние го вработивме бидејќи како приватна фирма немаше конфликт на интереси. Јанев беше секојдевно во контакт со АВМУ, немаше ама баш никакви контакти со маркетингот, сведочеше Јовановски.
Тој ја опиша Јанева како „исклучително чесна жена, народен човек, либерална, без предрасудби, на која не и сметала мојата сексуална определа и со која разговарале и за неговите љубовни работи,“
- Но никогаш не сме разговарале за професионалното во смисла јас да и кажувам што да работи и како. Ниту пак за „Империја“ или други предмети, за кои јас тука во судницата дознав, додаде тој.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.