26 Јуни, 2024
0.0328

БОКИ 13 ПРЕД ОПЕРАЦИЈА СО ВИСОК РИЗИК НА СМРТНОСТ, правниот тим укажува дека му е неопходна медицинска интервенција

Објавено во: Македонија 09 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Адвокатскиот тим на Бојан Јовановски или Боки 13 алармира дека животот му е загрозен поради неможност за лекување во затворски услоби. Тие посочуваат дека по направен преглед на Боки 13 во вторникот (07.03) му било констатирнао аларматно влошување на здравствената состојба. 

На ден 07.03.2023 на ЈЗУ УК за ГЕХ Скопје, на осудениот Бојан Јовановски со прекар Боки 13, му беше напревена Горнодигестивна ендоскопија, Гастроскопија , при која инвестигација, во наодот од истата е констатирано крајно и алармантно влошување на здравствената состојба на Бојан Јовановски, со предлог за оперативен третман тотална гастректомија со езофаго-јејуно анастомоза, односно целосно отстранување на витален орган желудник, бидејќи врз пациентот терапевтскиот третман не е спроведуван, ниту реализиран, односно со ова медицинско иследување и наод се потврдува фактот дека осудениот Бојан Јовановски нема услови и можност да се лекува и да се третира во пенални затворски услови - се посочува во соопштението од правниот тим. 

Од тимот додаваат дека наодот од извршената гастроскопија е одобрен од стручниот колегиум на Клиниката УК за ГЕХ Скопје, и потенцираат дека животот на осудениот Јовановски е ставен во ризик. 

- Бидејќи извесно е во секој момент да настане компликација која ќе биде фатална по неговиот живот, па наместо законита постапка имаме состојба на хазардерско постапување од страна на надлежните органи, а како влог е ставен животот на осудениот Бојан Јовановски! Оттука, потенцираме дека Основниот кривичен суд Скопје веќе цели 4 месеци нема донесено правосилна одлука по барањето за прекин, постапка која по својот карактер и итна, а истовремено судот не презема никакви дејствија и не одлучува по жалбената постапка ниту во разумен рок, иако до судот навремено се доставени сите овие медицински докази и од страна на одбраната се преземени сите расположливи средства предвидени со закон, но за жал, негативната тенденција и тортура кон осудениот е поголема од сите реални факти и законски основи за уважување на барањето за прекин на издржување на казна затвор - укажуват во соопштението.

Тие исто така посочуваат дека на 01.02.2023 година било поднесено барање за прекин и до директорот на Управата за извршување на санкциите, кој е суверен во својата одлука и не е врзан со одлуката на судот, но и од овој орган сѐ уште нема одлука!

- Ја информираме општата и стручната јавност дека оваа агонија и тиранија кон Јовановски трае повеќе од 7 месеци и дека во текот на двете последователни постапки за прекин кон судот и кон двете постапки за прекин кон Управата за извршување на санкциите, од страна на одбраната се поднесени безброј писмени поднесоци, темелени врз основа на цврсти медицински докази кои укажуваат на сериозноста и животно-загрозувачкиот карактер на болеста на осудениот, кој е дефинитивно предмет на нечовечно однесување, истиот се третира како експериментален предмет, а не како човек. Веќе се спроведува тортура од највисок степен и му се нарушуваат сите загарантирани човекови права согласно Устав и согласно Европската конвеција за заштита на човекови права - потенцираат од правниот тим на Боки 13.

Од таму исто така наведуваат дека вакво институционално постапување и директно изживување од позиција на моќ е незапаметено во поновата историја, дотолку повеќе што однапред предупредувале дека доколку осудениот не се лекува и третира согласно специјалистичките извештаи и конзилијарните мислења на десетици специјалисти и суб-специјалисти, ќе дојде до оваа крајна и непосакувана последица. 

- Тоа е операција со висок ризик на смртност и настанување на траен инвалидитет кај Бојан Јовановски. После сето ова веруваме, но не сме убедени, дека за Бојан Јовановски еднакво важи загарантираното Уставно начело на неповредливост на физичкиот и психичкиот интегритет, како и за сите други граѓани во Р.С.Македонија - истакнуваат од правниот тим.

Тие исто така јавно прашуваат на кого му одговара да настанат смртоносни последици по животот на осудениот Бојан Јовановски?

- Дали системот свесно, организирано и координирано, секојдневно и стихијно го убива Бојан Јовановски?

Кој ќе понесе одговорност за веќе настанатите последици по здравјето и животот на Бојан Јовановски?

Осудениот Бојан Јовановски беше осуден и пред да биде осуден со пресуда на сомнително правен начин, но тоа е тема за друго идно време, а на оваа тортура мора да се стави крај! Знаеме и свесни сме од каде доаѓаат наредбите за ова изживување кон Бојан Јовановски, но по словото на законот и легалитетот ќе се бориме со сите законски средства до крајна линија на секој расположлив начин со наредбодавачите и извршителите на оваа системска тортура и линч! - потенцираат од правниот тим.

Од таму додаваат дека не се откажуваат од намерата за правдата да добие светлост на денот и дека не се плашат од директните и индиректните закани, од причини што бранејќи ги правата на осудениот Бојан Јовановски, ја бранат законитоста, а преку тоа ја бранат и правната стабилност која е сериозно разнишана преку вакви негативни примери.

- И секако важно за напомена е дека барањето за прекин на издржување казна затвор претставува институт од времен карактер, а не ослободување од изречената санкција!

Во прилог на ова соопштение ви го испраќаме специјалистичкиот извештај од извршената Гастроскопија од УК за ГЕХ Скопје од 07.03.2023 година и дополненијата на барањата за прекин на издржување на казна затвор кон судот и Управата за извршување на санкциите од 08.03.2023 година од бранителот м-р Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје.

Согласно вашите потреби и цели на вашето информирање, согласни сме да користите содржина од доставените прилози и истите да ги објавите и прикажете и визуелно во целост, согласно ваша одлука и потреба - дополнуваат во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра