Боки 13 тврди дека Заев и Мијалков преку него комуницирале за референдумот
Објавено во: Македонија 17 Декември, 2021
Осудениот во случајот „Рекет“, Бојан Јованоски попознат како Боки 13, преку медиумите испрати отворено писмо до шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
Тој тврди дека Заев го испратил токму него кај поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, да преговара за референдумот.
„Одговорете дали Зоран Заев ме испраќа мене кај лицето Сашо Мијалков да преговарам за референдумското прашање, за негово повикување за референдумот и делување против ВМРО-ДПМНЕ и пишување на јавни писма против Мицкоски?! (Одговорот го има во мојата комуникација со Зоран Заев и со Сашо Мијалков, кој подоцна почнуваат лично да комуницираат и да се договараат по сите прашања, а до тогаш комуникацијата одеше преку мене)“, пишува Јовановски.Јовановски е осуден на девет години затвор за случајот „Рекет“, а во писмото и посакува на Русковска да заврши во затвор.