Бокрош: Македонија е интересен пример за спроведување на економски реформи
Објавено во: Економија 17 Март, 2013
Македонија е интересен пример за спроведување на економски реформи, оцени унгарскиот европратеник Лајош Бокрош кој е еден од водечките реформатори на унгарската економија во 90-тите години. Тој изрази надеж за брзо македонско членство во Европската унија, за да се зголеми бројот на држави кои се водат од политиката на промовирање на економскиот раст преку на ниски даноци.
- Мислам дека Македонија веќе има полза од овој нов вид на либерално и конзервативно размислување. Ние во Европа мораме да ги обновуваме батериите на пазарната конкуренција, додека Македонија направи значителен напредок во тој план. Точно е дека со членството во ЕУ државите може да се соочат со многу повеќе економски правила и регулативи, но во исто време можеме ЕУ да ја направиме поконкурентна само ако внатре во неа имаме повеќе влади кои веруваат во уставно ограничена власт, пазарни слободи, слободна трговија и конкурентност. Затоа ние во пратеничката група на Европските конзервативци и реформисти ги промовираме овие вредности, за целата Европа да биде поконкурентна, вели Бокрош, кој учествуваше на собирот на Конзервативниот политички акциски комитет во Вашингтон.
Ова е голем собир на американските десничари кои изминатите три дена се одржуваше во Вашингтон, а на кој говорниците и помладите гласачи сериозно застанаа зад изолационистичката опција во надворешната политика, односно намалувањето на американскиот ангажман во светот.
Републиканската партија, чиј избраник, претседателот Џорџ В. Буш ги почна воените операции во Авганистан и во Ирак, на годинешниов собир како свој најпопуларен политичар кој би требало да се натпреварува за претседател на изборите во 2016 година го изгласа сенаторот Ренд Пол, од либертаријанското крило на партијата. Сенаторот Пол е син на конгресменот Рон Пол, препознатлив по повиците за повлекување на САД од меѓународните кризи и ангажмани.
Дури 50 проценти од учесниците на годинешниот КПАК гласаа дека е време САД да побараат од своите европски и азиски сојузници самите да ги обезбедат своите безбедносни потреби. Само 34 проценти од учесниците се изјасниле дека САД, како единствена суперсила во светот, треба да продолжи да ја носи одговорноста за заштитата на своите сојузници во светот.
- Ако погледнеме колку ни е растргната армијата, ако го погледнеме воениот буџет на САД, ако знаеме дека имаме млади војници кои дури петпати ги распоредуваме на борбените линии, многу е тешко да се замисли дека би можеле да си преземеме уште некоја воена операција, изјави полковникот Ален Вест, поранешен конгресмен од Флорида и еден од водечките републикански авторитети во одбраната.
Годинешната конференција, на која се собраа илјадници учесници од САД, помина во знакот на судирот меѓу Ренд Пол и неколкумина млади сенатори со постарата гарда како сенаторот и воен ветеран од Виетнам Џон Мекејн, кој со децении е главниот глас на републиканците во надворешната политика.
Судирот изби околу маратонската, 13 часовна седница во Сенатот, на која Ренд Пол непрекинато зборуваше против програмата за ликвидирање на осомничени исламисти со роботски, беспилотни летала. Оваа драматична седница во Сенатот на Пол му ја обезбеди поддршката на помладите републиканци, но го предизвика сенаторот Мекејн да го прогласи за налудничав.
- Ако тоа што се залагам за слободата и за почитување на Уставот ме прави налудничав, тогаш, со гордост, викајте ме налудничав, изјави сенаторот од Тексас Тед Круз, еден од поддржувачите на Ренд Пол, кој беше поканет да ја затвори конференцијата.
И ако републиканците се поделија околу надворешната политика, во поглед на економијата, говорниците на КПАК беа единствени околу потребата да се намалат долгот, даноците и влијанието на државните власти.
На конференцијата на која покана да зборуваат добиваат идеолошки поцврстите републиканци како Сара Пејлин, Мишел Бахман, Пол Рајан и Марко Рубио, своја промоција како можен претседателски кандидат имаше и Бен Карсон, афроамерикански неврохирург кој на неодамнешниот молитвен појадок директно му се спротистави на претседателот Барак Обама и ја критикуваше неговата економска политика.
На КПАК, Карсон се заложи за бришење на 27.000 страници од американскиот даночен законик и заменување на комплицираниот систем со единствена рамна стапка од 10 проценти, решение чија оправданост тој ја наоѓа во Библијата.
Можноста за кандидирање на афроамериканец, кој силно ги застапува републиканските економски политики го направи доктор Карсон ѕвезда на третиот ден на конференцијата, каде стотици делегати чекаа во ред за можност да ја купат неговата книга и да се запознаат со авторот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.