19 Декември, 2025
0.0426

Боли глава од платите на најплатените жени

Објавено во: Економија, Мои пари 07 Мај, 2015 10:24

Добивај вести на Viber

Која е најдобро платената жена извршен директор во САД? Според USA TODAY базирајки се на податоци од S & P Capital IQ и Bespoke Investment Group, Мариса Мајер ја предводи листата. Шефот на Yahoo е на седмата позиција меѓу сите извршни директори, мажи и жени, а целата сума, која ја добива како плата, изнесува 42,1 милиони долари. Сафра Еида Кац од Oracle е на второ место меѓу жените со плата од 37,7 милиони долари, а првите три места се дополнуваат со извршниот директор на Lockheed Martin Мерилин Хјусон. Нејзината годишна плата е во износ од 33,7 милиони долари. Во првите десет на листата влегуваат и Индра Нуји, извршен директор на PepsiCo, Ајриш Розенфелд од Mondelez и Маргарет Витман од HP. Неверојатно е дека платата на Мариса Мајер е два пати повисока од износот што го добива Вирџинија Ромеро од IBM, која го завзема десеттото место. Времињата веќе не се исти за жените извршни директори, а всушност во просек во моментов тие заработуваат повеќе од мажите на иста позиција. Во последната фискална година жените на чело на компании дел од S & P 500 заработиле 18,8 милиони долари, што е значително повеќе од износот од 12,7 милиони долари, исплатени на мажите, кои се на истите раководни позиции. К.К chartoftheday_3452_highest_paid_female_chief_executives_n

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии