06 Декември, 2025
0.0529

Болничко лекување во странство ќе чини 200 евра

Објавено во: Економија 26 Јануари, 2013 13:07

Добивај вести на Viber

Пациентите кои ќе имаат потреба да се лекуваат надвор од земјата тоа ќе можат да го направат со плаќање на најмногу 200 евра за болничко лекување во странство. Владата на минатата седница ја усвои Информацијата на Фондот за здравство со која се дефинираат процедурите, механизмите и буџетот за реализација на оваа мерка. Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев денеска на прес-конференција соопшти дека процедурата за стекнување со ова право останува иста како и претходно со тоа што пациентите ќе плаќаат личен трошок во болничкото лекување во странство најмногу 12.000 денари без разлика колку е вкупната сума на чинење на лекувањето за некои интервенции. - Во странство се потребни и повеќе стотици илјади евра, односно лично учество на пациентот и до неколку десетици илјади евра, но од оваа година пациентот ќе плаќа само 12.000 денари, а остатокот од трошокот колкав и да е ќе го плати државата, рече Ѓорѓиев. Појасни дека во постапките за остварување на ова право во прв степен одлучува директорот на ФЗО врз основа на мислењата на првостепена односно второстепена лекарска комисија за лекување во странство. Против решението донесено во прв степен, осигуреното лице има право на жалба до УО на ФЗО во рок од 15 дена од денот на приемот на решението. Втората новина е тоа што пациентите на кои нема да можат да се лекуваат во јавното здравство, сега доколку е можно, таа услуга ќе може да ја добијат во приватните болници во Македонија. - Лекувањето во приватните болници ќе биде по стандардите кои ги има во странство, со користење на опрема, протоколи и кадар кој за одредени интервенции ќе биде носен и од странство. ФЗО ќе плаќа по цени на странско лекување и ќе очекува токму таква здравствена услуга, изјави портпаролот на Владата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?