28 Септември, 2024
0.1886

БОЛНО ГО ПРИФАЌААТ СОЗНАНИЕТО ДЕКА ИМААТ ДЕТЕ СО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР: За првиот момент на вистината д-р Андоновски

Објавено во: Македонија 04 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Првиот момент на сознанието дека имаат дете со аутистичен спектар е многу болен за родителите, вели во разговор за Фактор, д-р Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар, кој е и дел од тимот на Заводот за ментално здравје кај децата „Младост“ во рамки на Здравствен дом Скопје. Посочува дека секојдневно се соочуваат со овој сериозен проблем, а како лекар педијатар по повод Светскиот ден на аутизмот на 2. април укажа на што треба да се обрне внимание во нашава земја, особено поради фактот што бројот на деца со аутистичен спектар е во пораст, односно Македонија не заостанува зад светската инциденца.

-Родителите кој доаѓаат во Заводот за ментално здравје се одлучуваат на таков чекор поради низа знаци кои не се карактеристични при развојот на едно дете. Велат дека е срамежливо, дека не комуницира, го трга погледот, односно не остварува контакт со очите. Од моето долгогодишно искуство во педијатријата, посебно во овој случај мора да истакнам дека родителот пристапува со субјективен пристап кон оваа состојба, дека неговото дете нема некој голем проблем, туку дека е навистина изолирано и дека не сака да комуницира со никој освен со својата мајка и дека не ретко остварува контакт со очите и дека тоа е срамежливост. Но по тимската работа се вооочува една реална ситуација дека не станува збор за срамежливост или неконтактибилност поради околната средина, туку дека бројот на аутистичните знаци е многу висок. Соочувањето е болно, родителите едноставно не може да поверуваат. Но, она што е најбитно, професионалниот тим е прави се за да поставената дијагноза не доведе до стигматизација на детето. Напротив, се работи на соодветен т.н. пробен пристап на третман на ваквата состојба, вели д-р Андоновски.

Вели дека во Заводот постојано се дијагностицираат нови случаи на деца со оваа проблематика, а тоа што е клучно и на што треба да се обрне големо внимание е подобрувањето на дијагностиката и методите уште во развој, нагласувајќи дека едукацијата на широките  народни маси може да придонесе интервенцијата да биде уште од раните години.

- Во споредба со претходните години има забележителен раст на деца кои се јавуваат со проблеми од аутистичен спектар. За жал во Македонија имаме еден несоодветен пристап кон третман на аутизмот, токму поради неадекватната развиена информативна и категоризирана валоризациј, всушност не прифаќање на реалната состојба кај детето кое има аутистичен спектар од страна на родителите. Иако борбата од страна на професионалците е будење на јавна свест, на информациите во врска со новитети со кои се здобиваме постојано кои се однесуваат на третманот и рехабилитацијата на оваа состојба се со цел минимизирање на дел од ауитистичниот спектар кај овие деца и нивна полесна поадекватна инклузија во општеството се со цел осамостојување на истите. Постојано имаме борба која тежнее и е надвор од институцииите за да овој проблем биде ставен во една единствена рамка и единствен мултидисциплинарен пристап. Мултидисциплинарниот пристап треба да се состои во организирање  на целиот научен тим кој што работи врз оваа проблематика, вклучително педијатри, психијатри, дефектолози, логопеди , психолози, социјални работници, педагози, нутриционисти, физиотерапевти, невролози, генетичари кои заеднички би се обединиле во еден заеднички здравствен пристап или еден т.н Центар за аутизам каде што успешно би се спроведувала оваа сеопфатна терапевтска и инклузивна работа. Сето оваа се однесува на деца до школска возраст, а подоцна на овој тим би се приклучиле сите оние кои што работаат во наставниот процес и кои сооодветно ќе се едуцирани за да помогнат се до нивната полнолетност. Овој концепт е само едно светло на крајот на тунелот во овој организациски процес на кој што треба да се приклучиме сооодветно рамо до рамо со развиените општества кај кои оваа состојба се третира успешно и модернизирано, се со цел правилна инклузија на лицата кои страдаат од овааа состојба, посочува д-р Андоновски.

Според него неколку институции заеднички можат да работат на оваа состојба и да го имплеметираат соодветниот пристап, но и третман врздецата со аутистичен спектар. Тоа се Заводот за ментално здравје кај деца „Младост“, Центарот за слух и говор  и останатите граѓански здруженија и приватни институции, кои, како што вели, под една заедничка кауза може да направат се за децата со цел успешно да бидат вклучени во општествениот систем.

-Се надевам дека сите законодавни институции ќе пристапат сериозно кон овој проблем и ќе се нафатат да се стремат кон негово решавање. Само така ќе оствариме вистинска заложба а и сеопфатно решавање на оваа сериозна состојба која го мачи секое модерно општество, смета тој.

Светскиот ден на Аутизмот на 2-ри Април беше одбележан секаде во светот. Оваа старо нова проблематика која се однесува на социо менталниот развој особено кај децата е во алармантен пораст. Американската психијатриска асоцијација (АПА) во својот дијагностички и статистички прирачник за ментални нарушувања го дефинира аутизмот како едно од петте продорни развојни нарушувања кај децата, што всушност вклучува пет дијагностички нарушувања. Проценките за распространетоста на аутизмот варираат во голема мера, во зависност од дијагностичките критериуми, од периодите и годините кога децата биле прегледани и географските локации. Не се знае точно колку луѓе во светот страдаат од ова нарушување во развојот. Секое стото дете во Англија страда од аутизам, покажа неодамнешното истражување спроведено од британски научници. Епидемиолошка студија од 2006 година на приближно 57.000 британски деца на возраст од 9 и 10 години покажа дека 3,89 на 1.000 имале аутизам и 11.61 на 1.000 имале нарушување на спектарот на аутизам (или 116 деца на секои 10.000 имале аутизам или псеуаутизам). Нешто повисоките добиени вредности може да бидат не само резултат на зголемувањето на ова развојно нарушување, туку и резултат на пошироки дијагностички критериуми и подобра и сеопфатна дијагностика. Финска студија, наведува дека стапката на инциденца на аутизам во Финска е едно дете на 483.

Инаку, поради несоодветни податоци, овие бројки може да ја потценат преваленцата на деца со нарушувања од аутистичниот спектар.

Анита Буховски

 EPA-EFE/JAGADEESH NV

Можеби ќе ве интересира

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?