05 Декември, 2025
0.0425

БОЛНО СЛАБА - Следбениците со жестоки критики кон Јелена Ѓоковиќ за нејзиниот изглед

Објавено во: Стил 18 Јануари, 2023 21:51

Добивај вести на Viber

Сопругата на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ, која важи за негувана жена која посветува големо внимание на исхраната, но е и доста активна физички.

Јелена неретко со своите обожаватели на социјалните мрежи дели совети за тренирање и како да остане во топ-форма.

Поубавата половина на светскиот тенисерски ас воедно е и веган, се грижи за здрава исхрана, и таа редовно споделува со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм за своите спортски активности, но и моменти од фамилијарното секојдневие. 

Деновиве Јелена се пофали дека успешно ја завршила домашната задача што и ја дал нејзиниот инструктор за капеира, бразилска боречка вештина од која Новак бил импресиониран.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)


Мајсторот се вика Марсело Сантош и со години живее во Белград. Јелена во оваа прилика не само што покажа дека е во топ форма, туку и дека ја прилагодила својата линија.

Иако не недостигаа комплименти, имаше и сосема спротивни реакции. 

Многу нејзини следбеници сметаат дека Јелена е преслаба, па не штедеа зборови со кои ја критикуваа нејзината линија. Изненадија коментарите од типот „болно слаба“, но имаше и такви кои ја пофалија за успешно изведените задачи.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: