18 Декември, 2025
0.0561

Бомбона бизнис! „Фершпед“ најдобро ќе се заблажи од парите на „Европа“

Објавено во: Економија 28 Мај, 2016 11:39

Добивај вести на Viber

Најдобро ќе се заблажи „Фершпед“ кој има 21,77 отсто од акциите што значи дека ќе земе над 100.000 евра од дивидендата на „Европа“

Најстарата македонска кондиторска индустрија „Европа“ ќе подели нето дивиденда по акција во износ од 135 денари, објави компанијата. Ако се споредува со лани дивидендата годинава е повисока за 100 отсто!

Акцијата на „Европа“ на берзата не се тргувала подолго од една година во класично тргување, а според официјалните достапни податоци последната цена на акцијата била 3.145 денари.

Вкупниот износ на дивиденда е речиси 35 милиони денари или над половина милион евра.

„Европа“ од акционерски аспект е консолидирана компанија затоа што 5 акционери поседуваат над 75 отсто од акциите, а 10 отсто се во сопствен откуп на „Европа“ и за нив нема да биде исплатена дивиденда.

Најголем поединечен акционер е групацијата „Фершпед“ со 21,77 отсто од акциите. Оваа компанија ја помогна Сава Димитрова, долгогодишната директорка на „Европа“ во 2006 и 2007 година кога имаше напад за непријателско превземање на „Европа“ од страна на контроверзниот српски бизнисмен Јовица Стефановиќ – газда Нини.

Освен „Фершпед“ голем акционер е и шпедицијата „Макошпед“ која поседува 19 отсто од акциите и сега ќе добие добра финансиска инјекција од „Европа“. И „Макошпед“ помагаше во периодот на обидот за непријателско превземање. Кичевската фирма „Ас Сењак“ поседува 18 отсто од акциите и ги купи во периодот во последниве четири години.

Голем поединечен акционер е уште хрватската државјанка Мила Левентиќ која поседува 8,68 отсто од капиталот. Таа е наследник на акциите од нејзиниот татко Боро Левентиќ, кој го имаше застапништвото за производите на „Европа“ за земја или земји од нашиот регион. На листата е уште и косовскиот државјанин Есамедин Хасани кој е застапник на „Европа“ за косовскиот пазар.

Според достапните податоци 40 домашни физички лица поседуваат уште 10,5 отсто од акциите и тие ќе поделат дивиденда во износ од 50.000 евра.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа