БОРБА ЗА СТРУЧЕН КАДАР: Само 11 Анестезиолози остануваат во ГОБ „8 Септември“
Објавено во: Македонија 06 Јули, 2020
Во ГОБ „8
Септември“ остануваат само 11 анестезиолози, откако двајца во петокот поднеле
оставки.
Извори од
најголемиот Ковид-центар во земјава за Фактор потврдија дека анестезиолозите во
нивните оставки навеле дека ги напуштаат работните места поради тоа што повеќе
не можат да го поднесуваат стресот и од приватни причини. Заминуваат во
приватната болница Систина.
-Едниот лекар анестезиолог работеше кусо време во ГОБ „8 Септември“, пред неколку месеци дојде токму од „Систина“, каде што повтроно се враќа. Другиот анестезиолог е искусен лекар, со повеќегодишна пракса. Во оваа болница таботи повеќе од 10 години. Нема да биде лесно бидејќи сме во нејголемиот ек на епидемијата. Ќе правиме ротации, бараме од Клиники „Мајка Тереза“ да ни испратат дополнителна помош, вели изворот на Фактор.
Инаку, состојбата во ГОБ „8 Септември“, како што појаснуваат оттаму за Фактор е навистина тешка. Во моментов имаат околу 130 пациенти и најголемиот број се со тешка клиничка слика. Велат дека двајцата пациенти кои починале вчера биле хоспитализирани претходниот ден, не издржале ниту 24 часа во борбата со вирусот.
Во текот на денешниот ден се испишани 6 пациенти, но сепак, како што велат за Фактор, бројот на новопримени е поголем од оние кои заминуваат дома излекувани.
А.Б.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.