19 Декември, 2025
0.0460

Борбата со конкуренцијата го спушти профитот на „H&M“

Објавено во: Свет 30 Јануари, 2013 22:05

Добивај вести на Viber

Шведскиот малопродажен ланец за облека „H&M“ пријави ненадеен пад на приходите во четвртиот квартал, делумно поради повисоките трошоци кои ги пратат неговите напори да се натпреваруваат со шпански „Inditex“. Во периодот од септември до ноември минатата година, нето-добивката падна на 5,29 милијарди шведски круни, или 825 милионидолари, од 5,36 милијарди  круни колку што изнесувала во истиот период 2011 година. Приходите се зголемиле за пет проценти до 37,9 милијарски круни. Бруто маржата се намалила на 61,6 отсто од 61,9 отсто во претходниот квартал. Втората по големина модна групација во светот, по Индитекс во чии раце се голем број брендови како Зара и Бершка, коментара дека на нејзините оперативни резултати влијаат долгорочните инвестиции во трговијата преку интернет, новите продавници и плановите за воведување нови модни линии, како и невообичаено силната шведска круна. Поголемиот дел од бизнисот на „H&M“ е концентриран во Европа, каде должничката криза ја намали потрошувачката и зголеми невработеноста. „Долгорочните инвестиции доведоа до повисоки трошоци, а досега во голема мера се уште оствариле приход", објаснува извршниот директор на H & M, Персон Карл-Јохан. „H & M“ во новата фискална година, која започна на 1 декември 2012 година планира да отвори 325 нови продавници, во однос на 304 кои ги отвори претходната година.

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците