29 Септември, 2024
0.0270

Борисов: До крајот на 2019 да се заврши со Илинденското востание и Гоце Делчев

Објавено во: Македонија 06 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Бојко Борисов, премиерот на Бугарија, по средбата со шефот на македонската Влада, Зоран Заев, во рамки на Самитот за Западен Балкан во Познањ, напиша на својот фејсбук профил дека е задоволен од она што е постигнато досега во односите меѓу двете земји и од тоа што вистината за нашата заедничка историја почнува да се кажува јавно од македонски политичари.

– Разговарав со Зоран Заев, премиер на Република Северна Македонија – за постигнувањата и предизвиците во билатералните односи на двете држави. Цело време, од 1992 година до денес, бугарската страна инсистира единствено за објективно пренесување на историските факти. Задоволен сум дека постепено, но се надевам трајно, вистината за нашата заедничка историја, вклучително со Гоце Делчев, почнува да се кажува јавно од политичари на највисоко ниво во Република Северна Македонија, како на пример  претседателот на земјата Стево Пендаровски, напиша Борисов на фејсбук.

Побара од мешовитиот комитет составен од експерти по историја од двете страни и од државната администрација на двете земји да се најде согласност за темите како Илинденското востание и Гоце Делчев до крајот на оваа година.

- На ниво на премиери и на министри за надворешни работи ние си имаме меѓусебна доверба, но сега треба да работиме на доверба на ниво на комисиите и на админситрациите за да имаме реален резултат. Потребна е нова динамика во работата на Комисијата која ќе доведе до брзи и категорични резултати до крајот на 2019 по теми како Илинденско-Преображенското востание, Гоце Делчев и др, категоричен бил Борисов.

Истовремено Борисов најави дека ќе има средба со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски следната недела во Сараево на состанокот на ПСЈИЕ и упати посебно признание за шефот на Македонија дека бил објективен во неговото телевизиско гостување дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин.

- Бугарската страна уште од 1992 година настојува „за објективно претставување на историските факти“. Задоволни сме што постепено, а се надеваме и трајно, вистината за заедничката историја вклучително и за Гоце Делчев почнува да се кажува јавно од политичари на највисоко ниво во Република Северна Македонија, како на пример претседателот Стево Пендаровски, рече Борисов.


Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“