Борисов и Ципрас телефонски разговaрале за бегалската криза
Објавено во: Балкан 23 Август, 2015 11:52
Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов одржал телефонски разговор со Алексис Ципрас, кој поднесе оставка како премиер на Грција, соопштуваат од владината информативна служба на Бугарија.
Тие разговарале за актуелната ситуација во соседните земја, со што премиерот Борисов изразил надеж дека Грција ќе ја постигне потребната стабилност.
Бугарскиот премиер ја изрази својата благодарност за соработката и за постигнатото разбирање за укинувањето на 26 отсто данок од страна на Грција. Во однос на миграционите притисоци, Борисов и Ципрас изразија загриженост и се обединија околу тезата дека Бугарија и Грција треба заедно да го бранат интересот на овој проблем пред Европскиот совет. Бугарскиот премиер потсетил на трипартитниот договор за полициска и царинска соработка потпишан пред околу два месеци во Софија помеѓу Бугарија, Грција и Турција, што е добра основа за повеќе координација и соработка.
Премиерот Бојко Борисов и Алексис Ципрас исто така, разговарале за важноста на гасното поврзување помеѓу двете земји и потребата од нејзина забрзана изградба, како приоритетен дел од идната енергетска унија на ЕУ.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




