Борисов: Како пожарникар ви велам – не играјте си со оган
Објавено во: Балкан 16 Јуни, 2015 12:07
Сакам да ги повикам сите да бидат повнимателни кога си играат со оган, бидејќи врз основа на стабилноста во Бугарија и огромната нестабилност во регионот, сите треба да го чуваме нашето соседство, да не си го запалиме.
Ова го изјавил премиерот Бојко Борисов по средбата со европскиот комесар за регионална политика Корина Крецу.
„Лесно се пали, ама тешко се гаси, како пожарникар ви кажувам. Многу лесно се зборува и се предизвикува етнички конфликт, секогаш предупредувам за него“, додал Борисов. Тој изјавил дека ќе се ограничи до тука со повикот - „би го разбрале оние кои си играат со оган“.
Во меѓувреме европскиот комесар за регионална политика Корина Крецу соопшти дека ЕК го одобри ОП „Региони во раст“ и „Животна средина“ 2014-2020 година.
Борисов изјавил дека, кога фактите зборуваат, сите молчат. „Тоа што 6 милијарди и 600 милиони се одобрени во ОП „Животна средина“ и „Региони во раст“, е исклучителен успех, и тоа што сме поминале 75% апсорпција, убеден сум дека на крајот на годината ќе одиме кон 92% “, истакнал Борисов. „Благодарам на еврокомесарот и на Јункер за она што го направија во Бугарија во последните месеци, затоа што веќе спасивме 250 милиони лева, што значи дека за 250 милиони евра се покачил бугарскиот бизнис, градови и села. Тој изјавил дека Кабинетот вложува огромни напори, бидејќи сите тимови работеле.
„Ќе вложиме големи напори во следните месеци овие пари да влезат во бугарската економија, конкурентност, помагање на малите и средни претпријатија, екологија, водовод, инфраструктурни проекти. Во сето, што е многу важно-како работни места, регионот и екологијата“, изјавил Борисов.
Тој истакнал дека се надева дека оваа политичка стабилност ќе продолжи. „Секогаш сум бил благодарен на партиите кои ја поддржуваат владата, затоа што она што е сега, немаше да биде можно“, појаснил премиерот на Бугарија. Борисов продолжи дека освен милијардите кои влегуваат во Бугарија врз основа на европската солидарност, тој го запознал еврокомесарот Крецу со парите кои се собираат повеќе од буџетот на линијата на борбата против корупцијата и шверцот, што дава можност за внесување на повеќе пари во буџетот за кофинансиране на други проекти.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




