05 Декември, 2025
0.0286

Борисов си даде оставка поради скапата струја, се распушти бугарската Влада

Објавено во: Балкан 20 Февруари, 2013 09:34

Добивај вести на Viber

По масовните протести во земјата за високите цени на струјата кои не стивнуваа последните неколку дена, бугарскиот премиер Бојко Борисов даде оставка и ја распушти бугарската Влада. „Не сакам да учествувам во Влада во која полицијата ги тепа граѓаните. Имаме достоинство и чест. Народот нас ни ја довери власта, а ние денеска им ја враќаме“ изјави Борисов пред бугарскиот парламент. До ваков развој на полтичката ситуација доаѓа четири месеци пред закажаните редовни парламентарни избори и една недела дена по започнувањето на протестите на граѓаните против високите сметки за струја. Според изјавата на Борисов, тој не планира да биде дел од привремената Влада пред парламентарните избори планирани за јули. Протестите добија драматични размери кога синоќа во центарот на Софија дојде до судири на групи демонстранти со полицијата при што 11 лица беа повредени, а 23 приведени. Повеќе од две илјади луѓе демонстрираа и во Варна, а протести имаше во девет други градови во државата.Бранот протести кој во најсиромашната држава во ЕУ почна пред околу една недела а незадоволните граѓани бунтуваа против сметките за струја надминале вистински цени за потрошена енергија за околу 120%. Премиерот Бојко Борисов пред да ја распушти Владата се закани дека ќе и ја одземе лиценцата на чешката компанија „ЧЕЗ“ која врши дистрибуција на струја во Бугарија. Државната комисија за енергетско и водно регулирање (ДКЕВР) вчера започна и постапка за одземање лиценца на „ЧЕЗ“. Од компанијата остро реагираа дека одземање на лиценцата е спротивно на законите на Бугарија како членка на ЕУ. „Одлуката на Бугарија да ја одземе лиценцата на ЧЕЗ за пренос и дистрибуција на струја е загрижувачка, изјави чешкиот министер за индустрија и трговија, Мартин Куба, пренесе Ројтерс.Пред само месец ЧЕЗ ја загуби лиценцата и во Албанија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии