Бошковски во Топ Тема: Мора да излеземе од оваа политичка темнина
Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2016
Љубе Бошковски во првото телевизиско појавување по склучувањето на десничарската коалиција со ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски и Стојанче Ангелов на Достоинство посочи дека како човек кој сега е на слобода откако излезе од затвор чуствува дека Македонија ќе добие политичко ослободување.
„Се чуствува енергијата и слободата која доаѓа, желбата беше излеана и на улиците од страна на граѓаните. Кога едно дете ќе прооди никој не може да го сопре. Во Македонија мора да се врати правната држва и вербата во правниот систем и да излеземе од оваа политичка темнина“, посочи Бошковски.
Лидерот на „Обединети за Македонија“ уверуваше дека постигнатата коалиција ќе работи во интересите на државата и граѓаните и ќе понудат своја програма која ќе биде наменета за секој гласач и неговите секојдневни проблеми, а нема да се фокусираат на национални прашања или разгорување на етничките тензии.
„Не сме фокусирани на една група на незадоволи на ВМРО-ДПМНЕ на чии членови им се испраќаат сигнали кој е со Љубе и Љубчо, а кој е против Груевски во нивните месни организации. Нашата цел се сите граѓани на Македонија кои во нас ќе препознааат вистинска политичка опција. Ќе успееме да ги придобиеме сите незадоволни граѓани, вели Бошковски за претстојната кампања.