БОСНА БРОИ ЖРТВИ ПОРАДИ ПОПЛАВИТЕ: 14 загинати, многу исчезнати, бремена жена го изгуби бебето, спасувачките мисии продолжуваат
Објавено во: Балкан 04 Октомври, 2024
Обилните врнежи
од дожд кои во текот на ноќта зафатија поголем дел од Босна и Херцеговина
предизвикаа смртоносни поплави во повеќе градови. Поплавени се улици и станбени
згради во Јабланица, Кисељак, Крешево, Бусовача и Фојница.
Потврдено е дека во Јабланица загинале најмалку 14 лица, а министерот за одбрана на Босна и Херцеговина изјави дека на тоа место се исчезнати околу 20 лица. Во Фојница почина постара жена.
Исто така, евакуирана е трудница која го изгубила своето бебе, а од болницата во Мостар велат дека се борат за нејзиниот живот. Од кантоналната болница д-р Сафет Мујиќ во Мостар, за Дневни Аваз потврдил дека екипите успеале да евакуираат жена во осмиот месец од бременоста, која потоа била донесена во таа болница. На трудницата и е извршена операција.
„Станува збор за трудница во осми месец од бременоста, која е евакуирана од екипите на планинската спасувачка служба, која за жал го загуби бебето. Моментално е во животна опасност. Не можам да дадам прогнози бидејќи се работи за повеќекратни животозагрозувачки повреди“, вели директорката болница д-р Ламија Дурановиќ, во интервју за Аваз.
Со трудницата бил донесен и нејзиниот сопруг чиј живот не е во опасност. „Потоа со хеликоптер е пренесено 10-годишно момче со скршеници, и во моментот ниту неговиот живот не е во опасност.
Тој вели дека сите капацитети во болницата се достапни за прием и згрижување на повредените жители на Јабланица. Вработените нема да ги напуштат работните места до понатамошно известување, а ние ги повлековме сите кои беа ослободени од должност“, рече Дурановиќ.
Истовремено, британските специјалци, инструктори за потрага по исчезнатите во урнатините, се на пат кон Јабланица за да му помогнат на населението во опасност по катастрофалните поплави и лизгање на земјиштето, дознава N1.
Специјалци од Велика Британија престојуваат во Босна и Херцеговина за да ги обучуваат тимовите на вооружените сили за потрага по исчезнатите во урнатините, но по поплавите и свлечиштата, со одобрение на британската амбасада во Босна и Херцеговина, се упатија кон Херцеговина за да помогнат на загрозеното цивилно население.
Како што дознава N1, британските специјалци со возила на амбасадата се упатиле кон Јабланица.
фото: EPA-EFE/NIDAL SALJIC* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.