19 Април, 2024
0.0304

Божиновски: Јавноста не ја интересира работата на Заев претседателот на СДСМ, туку на Заев премиерот

Објавено во: Македонија, Интервјуа 29 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

По смирување на бурата на „Бихаќка“ јавноста својот фокус го насочува кон метео прогнозите за на „Илинденска“ и дали овие ветришта на промени на функционери ќе продолжат во правец на отстранување на сите кои се неисполнителни, ги кочат реформските процеси и не ги испорачуваат резултатите за подобрување на економската состојба. Заев се зацврсти како лидер на СДСМ со целосна промена на раководството на партијата и таквиот потфат испрати пораки барем засега дека секој функционер може да биде сменет. Сепак, граѓаните очекуваат поголема одговорност од носителите на државни функции, подобра работа на обемната и тромава администрација и надминување на проблемите со непотизам и коалициски договори од тесен интерес. За процесите кои треба да следат анализираме со политикологот Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања. 

Фактор: Како внатрешните промени во СДСМ иницирани од Заев ќе влијаат на рејтингот на владејачката и премиерот на краток и на долг рок, јавноста по изборите сакаше „мечката да заигра на Бихаќка“, па дали е ова доволно или потребни се и сериозни промени во нефункционалните владини ресори и институции како на централно така и на локално ниво?

Божиновски: Јавноста сака промени и тоа јасно го покажа на претседателските избори на кои СДСМсе соочи со сериозно намалување на поддршката, која беше очигледна особено по првиот изборен круг. Но, не смееме да ги поистоветуваме партиските со промените на државно ниво. Промените во СДСМ се интерна партиска активност за која интерес имаат партиските членови и функционери. Јавниот интерес од друга страна е насочен кон промените во функционирање на државата со оглед дека јавноста ја интересира работата на државата, а не работата на партијата и од тоа зависи дали ќе и ја даде својата поддршка на партијата на власт на следните избори.

Затоа не смеат да се поистоветуваат промените на партиски со промените на државни функционери, иако СДСМ е најголемата партија вовласта во моментот. Поинаку кажано, јавноста не ја интересира работата на Заев како претседател на СДСМ, туку на Заев како премиер на Македонија.

Дополнително, кадровските промени во државата (доколку се случат се разбира) сами по себе не се доволни, туку е потребна промена во начиот на функционирање на институциите, како и надополнување и имплементација на нови јавни политики. Само тогаш ќе може да говориме за некакви промени кои се согласно очекувањата на граѓаните. Хендикепот за власта во овој случај е што за разлика од формирање на нова влада по избори, која ги има оние 100 дена за прилагодување, сега тоа нема да биде случај и граѓаните ќе очекуваат промени веднаш.

Фактор: Долго време се шпекулира дека внатре во СДСМ постои поделеност на различни фракции кои се борат за поголема моќ и дека токму затоа доаѓа до нефункционалност на дел од министерствата. Во таа смисла беше ли наменет потегот на Заев и за ослободување од тој притисок и потоа поставување на кадри кои ќе му бидат повеќе лојални во самата партија?

Божиновски: Да се надоврзам на погоре кажаното, јавноста не ја интересираат случувањата и односот на сили во СДСМ, туку ја интересира како функционира државата, вклучително сите министерства, агенции и останатите државни институции, како и институциите и работата на локалните власти.Не е доволно кадрите да се лојални, тие треба да бидат ефикасни во својата работа за унапредување на државните процеси од кои корист треба да имаат сите граѓани.

Фактор: ВМРО-ДПМНЕ исто така поради ставовите за референдумот направи чистка на повеќе партиски функционери но, не поради резултатите туку поради нивните ставови. Што може сега да направи опозицијата која полека го губи своето учество во јавниот ракурс и нема нов наратив со кој може да му парира лесно на Заев, дали СДСМ го „уби“ нивниот постизборен оптимизам?

Божиновски: Работата на ВМРО-ДПМНЕ е во интерес пред се на самата партија од аспект на привлекување на нови гласови со кои ќе може да дојде на власт по следниот изборен циклус. Резултатите од првиот круг на претседателски избори беа доста охрабрувачки за нив, кога нивниот кандидат/ка, освои ист број гласови со кандидатот на власта. Се разбира опозицијата во следниот период треба да подготви понуда со која дополнително ќе привлече нови гласовиод граѓаните за следните парламентарни избори, но за тоа има време со оглед дека јавноста ја интересира пред се работата на власта, бидејќи власта ја контролира државата.

Што се однесува до „парирање“ на власта, работата на опозицијата пред се е да ја контролира власта преку укажување на нејзините грешки и недостатоци. Со оглед на резултат на власта од последните претседателски избори, очигледно е дека опозицијата била релативно успешна во тоа.

Фактор: Заев најави дека е возможно да дојде до реизбор на влада, со гласање на доверба во Собранието поради правните одредби. Што очекувате, како ќе се одвива овој процес и дали тој ќе ги даде потребните резултати, суштински наместо козметички, има ли СДСМ капацитет за таков исчекор во кадровската политика кои успешно би го привршиле мандатот?

Божиновски: За ова ќе треба да почекаме какви ќе бидат промените и подоцна да ги анализираме. Како што напоменав и претходно, повторно би нагласил дека власта во овој случај ќе ја нема комоцијата од 100 дена за прилагодување на новите кадровски решенија. (доколку тие се случат се разбира) 

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите