Брачен пар се фрли зошто не можеше да ги врати долговите во Њујорк
Објавено во: Свет 29 Јули, 2017
53 годишен маж и неговата 50 годишна сопруга од Менхетен, Њујорк откако влегле во серија на долгови и тешка финансиска криза од која не можеле никако да излезат решиле да си ги одземат животите со тоа што и двајцата истовремено извршија самоубиство скокајќи од зграда.
До оваа бизарна трагедија дошло поради долгови за неплатени даноци од кои потоа не можеле да излезат и да се справат со финансиската состојба.
И двајцата пред да се самоубијат оставиле последна порака во која бараат да се згрижат нивните деца и посочуваат дека претходно имале навистина прекрасен живот.