26 Јуни, 2024
0.0380

Brainster ја отвори првата Data Science академија во Македонија и регионот

Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Во насока на заложбите да понуди едукативни програми кои ќе одговорат на зголемената побарувачка на вештини поврзани со новите технологии, едукативниот центар Brainster започнува со Академијата за Data Science, прва од овој тип и методологија, не само во Македонија туку и во регионот. Привте 18 учесници, селектирани од над 100 пријавени започнуваат со посетување на Академијата од 1 септември годинава.

Станува збор за комплетна, 11 месечна програма која опфаќа настава и практична работа во сите релевантни области неопходни да се дојде до кариера во Data Science која во моментов е меѓу најбараните и најплатените вештини глобално. 

“Продолжуваме со напорите да ги обезбедиме најактуелните наставни програми преку кои и во Македонија луѓето, а пред се младите луѓе ќе можат да дојдат до вештини кои ќе им овозможат одлична кариера, добро платена и отпорна на брзите промените што ги носи иднината. Data Science е релативно нова област која мошне динамично се развива, а кадрите со вештини од оваа област се најбарани и најплатени на глобалниот пазар на труд. Затоа ни беше голем предизвик да ја донесеме оваа програма во Македонија и да отвориме нови кариерни можности за домашните таленти" - вели Петар Ниновски, основачот на Brainster.

Како што велат во Brainster, низ процесот на селекција на учесници поминале над 100 луѓе - бизнис аналитичари, програмери, статистичари и математичари, од кои е селектирана првата група од 18 учесници кои ќе започнат со 11 месечната програма. Паралелно со Академијата едукативниот центар ќе понуди и пократки програми, во вид на курсеви и работилници преку кои сите заинтересирани ќе можат да се запознаат со оваа револуционерна област и да се подготват за 11 месечната академија. 

Можеби ќе ве интересира

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала