29 Септември, 2024
0.0269

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, апелираше јавниот обвинител  да постапи по наводите на државниот завод за ревизија. 

Тој се осврна на билатералниот договор меѓу ЕУ и Македонија, проценетата вредност на третата фаза од Коридорот и железничката пруга кон Бугарија е 340 милиони евра. Нагласува дека ДЗР утврдува дека до денот на ревизијата, вредноста е зголемена и изнесува 560 милиони евра што е зголемување од 220 милиони. Се работи за изградба на 23,4 километри железница што доколку пресметате ќе добиете дека еден километар чини 24 милиони евра што е најскап километар било каде во светот, информира денеска новиот министер за транспорт и врски, Александар Николоски.

Според него, претходната влада во предизборен период распишала тендерска постапка за кој што денес 26-ти јуни, завршува рокот за поднесување на понуди.

 -Целата постапка се одвивала во предизборен и постизборен период. Јавноста треба да знае дека пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или можеби стотици куќи и да се иселува население и најбитното, завршува во тунел кој што нема крај. Затоа што според проектот и според законите, предвидено е поврзувањето да оди преку тунел, кој може да се изгради само до границата. Во услови кога Бугарија нема ниту проект за железничко поврзување со Македонија и воопшто е прашање дали би го проектирале на овој начин. Дали двата тунели ќе се поврзат? Што доколку на другата страна има вода или подземно езеро или било какви други пречки, праша Николоски на прес-конференција.

Тој апелираше да се разговара со поддржувачите на овој проект, да се разгледаат заедно сите детали од проектот, и да се најде решение кое ситурно ќе може да се реализира. 

Тој исто така побара од државниот јавен обвинител да го земе извештајот на ДЗР и да постапи по него.

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска го повика Јавното обвинителство да го испита работењето на ЖРСМ Инфраструктура и на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) врз основа на наводите од извештајот за јавните инвестиции на Државниот завод за ревизија. 

Според Николоски, Извештајот отвора сомнеж за досегашното работење на ЈПДП, меѓу другото за патот Дреново-Градско за кој проект вели дека има ризици од арбитража, како и за  зголемената вредност на автопатот Кичево-Охрид за 175 милиони евра, а за кој се потрошени 446 милиони евра, а не е завршен и по 10 години од стартот на изградбата. 
 
За третата фаза од пругата кон Бугарија  каде вредноста  е зголемена  за 220 милиони евра односно на 560 милиони евра наместо првично планираните 340, според Николоски, во крајно нетранспарентен процес почната е тендерска постапка пред избори во услови кога, како што рече, сите знаеја дека ќе има промени на власта. Понуди на тендерот се доставуваат до денеска, но министерот посочи дека засега не може да направи ништо за евентуално поништување. Ќе следи процес на евалуација заедно ЈПДП и меѓународните  кредитори ќе се разговара за ревидирање на проектот.

- Се работи за најскапа пруга која завршува во тунел кој нема крај, а за која  Бугарија нема ниту проект за железничко поврзување, рече Николоски.

Ги повика меѓународните кредитори, како што рече, да седнат и да разговараат дали е ова начин и дали вреди вака да се трошат народните пари, а ЈО да го испита работењето на двете претпријатија.

По промена на раководството во ЈПДП најави дека ќе побара декласифицирање на Договорот со Бехтел и Енка за автопатските делници на коридорите 8 и 10Д. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“