12 Јануари, 2025
0.0278

БРАЌА, СЕСТРИ, РОДНИНИ И ПАРТИСКИ АКТИВИСТИ ПРВИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - Антикорупциска со критики кон јавниот сектор

Објавено во: Македонија 06 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Партиските и роднинските релации и понатаму доминантни во вработувањата во јавниот сектор. Злоупотреба на функции и овластувања при издавање разни дозволи, одобренија и договори за фаворизирање на компании се исто така неправилности кои ги утврдила Државната комисија за спречување корупција во својата работа во текот на изминатата година.

- Реализацијата на планираните активности од Националната стратегија 2021-2025 кои требаше да се спроведат во 2022 година, но и активностите кои во текот на 2021 не беа реализирани или беа пренесени за реализација во 2022 година, е многу мал и изнесува 10 проценти. Ова укажува на недоволната посветеност на институциите за навремено извршување на планираните активност.

Како резултат на тоа и 2022 година не донесе значајни промени во законската регулатива и не ја намали злоупотребата на законските решенија поради непрецизни или нејасни одредби така што влијанијата по партиски, роднински, пријателски релации и понатаму останаа доминантни во сферата на вработувања во јавниот сектор – пишува ДКСК во својот годишен извештај доставен до Собранието. 

Антикорупционерите предупредуваат дека во земјава и понатаму е присутна злоупотреба на функции и дискрециони овластувања при издавање разни дозволи, одобренија, договори, создавање услови за фаворизирање на компании и слично.

- Противправно градење на државно и приватно земјиште овозможено со одредбите на законите во областа на урбанизмот, градењето, животната средина, непостапувањето на инспекциските служби и нивниот клиентелизам кон центрите на политичка моќ и бизнис елити не им остава простор на граѓаните дури ни пред судовите да си ги одбранат своите со Устав загарантирани права за еднакви можности при вработување, право на заштита на сопственоста, право на чиста животна средина – укажуваат од ДКСК.

Од ДКСК посочуваат дека пријавите од областа на корупцијата кои ДКСК ги доби во 2022 година во најголем дел се однесуваат на овие појави исто како и пријави за постапувања на судии и јавни обвинители.

- Континуираната едукација претставува еден од клучните приоритети во препознавање и справување со корупцијата, но и поттикнување етичко однесување, спречување на судир на интереси и создавање на услови за поголема доверба на граѓаните во јавниот сектор – пишуваат антикорупционерите. 

Антикорупционерите во извештајот се осврнуваат и на случајот со двајцата генерални секретари на Владата против кои веќе е покрената постапка и за кои во тек се судски процеси.

- Направена е штета над Буџетот на РСМ поради ангажирање на голем број на надворешни советници и исплата на високи хонорари преку авторски договори за кои не постои разумно уверување за потребата од нивно ангажирање како и доказ за извршените работи поради активности од страна на Генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија во периодот од јуни 2017 година до ноември 2020 година, и Генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија во периодот од ноември 2020 година до април 2022 година поради основани сомненија за сторено кривично дело по член 353-в став (5) од Кривичниот законик ,,Несовесно работење во службата". Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење поведување постапка за кривично гонење на двајца генерални секретари на Влада на РСМ поради основани сомненија за сторено кривично дело по член 353-в став (5) од Кривичниот законик ,,Несовесно работење во службата" . Постапката е во тек по оформен предмет во ОЈО ГОКК – потенцираат од ДКСК.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството не дало амин за условен отпуст за Мијалков

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството не дало амин за условен отпуст за Мијалков

ЗА МОСТОТ КАЈ БАШИНО СЕЛО: Извршени се дополнителни испитувања

ЗА МОСТОТ КАЈ БАШИНО СЕЛО: Извршени се дополнителни испитувања

СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ, ЧИСТЕЊЕ НА ОЏАЦИ, КЛИМАТИЗЕРИ: СДСМ бара власта да преземе мерки против аерозагадувањето

СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ, ЧИСТЕЊЕ НА ОЏАЦИ, КЛИМАТИЗЕРИ: СДСМ бара власта да преземе мерки против аерозагадувањето

ПРЕД СРПСКАТА АМБАСАДА: Граѓани излегоа за поддршка на Вучиќ

ПРЕД СРПСКАТА АМБАСАДА: Граѓани излегоа за поддршка на Вучиќ

ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Истепани жени во скопско и во Берово

ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Истепани жени во скопско и во Берово

НА ПОВЕЌЕ ПАТНИ ПРАВЦИ ПРОВЕЈУВА СНЕГ: Утре ќе имаме снежна покривка

НА ПОВЕЌЕ ПАТНИ ПРАВЦИ ПРОВЕЈУВА СНЕГ: Утре ќе имаме снежна покривка

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА МИЈАЛКОВ: Ниту еднаш не е дадено позитивно мислење и не сме се согласиле со условен отпуст на осудениот

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА МИЈАЛКОВ: Ниту еднаш не е дадено позитивно мислење и не сме се согласиле со условен отпуст на осудениот

ЗНАМ: Со усвојувањето на интерпелацијата, Илире Даути е разрешена од претседател на комисијата

ЗНАМ: Со усвојувањето на интерпелацијата, Илире Даути е разрешена од претседател на комисијата

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Ќе имаме ли снег и на пониските места?

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Ќе имаме ли снег и на пониските места?