18 Декември, 2025
0.1040

Браќата Миса ќе го обновуваат кампот Треска во Струга

Објавено во: Економија 09 Септември, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Браќата Антон и Васил Миса, едни од најпознатите бизнисмени од Струга и сопственици на малопродажниот ланец маркети „Миса“, по неколку децении ќе го возобновуваат кампот „Треска“ во Радожда пред границата со Албанија, инаку некогаш една од најголемите туристички атракции во земјата.

Антон и Васил Миса од Струга заедно со охридскиот бизнисмен Горан Трпески, познат по изградбата на станбени згради во Охрид, ја преземаа фирмата „ЗКВ Консалтинг“ од вевчанскиот сопственик Зоран Каланоски и ја преименуваа во „Камп Треска Доо“ со што најверојатно се расчистени претходно замрсените имотно-правни односи и се создадени предусловите за инвестирање.

- Во фаза на превземање и планирање на просторот сме , сакаме да биде модерен камп со придружни објекти, ресторан и евентуално хотел како што си е по Генералниот урбанистички план. Кога ќе имаме нешто поконкретно ќе ве информираме, ни изјави Антон Миса.

На крајот од селото Раджда во моментов има руинирани приколки и бунгалови, но и знаци на први инвестициски активности, а прсторот е често окупиран од диви кампери од странство. Авто кампот „Треска“ некогаш беше елитен камп преполн со туристи од Македонија и регионот, а сега е споменик на транзицијата.

Авто кампот „Треска“ доизграден е во 1976 година, а во 1997 година престанува да работи и заминува во стечај.  Некогашната туристичка населба, сместена во село Радожда на крајбрежјето на Охридско езеро, броела 300 камп приколки, 20 бунгалови и апартмани, како и хотелски соби од хотелот. На површина од околу шеесет илјади метри квадратни експроприрано земјиште од радождани, овде уште беше изграден ресторан, бифе, рецепција и управен објект, помошни простории, спортско игралиште, санитарии и посебна станица за одлив на фекалии.

Години претходно Општина Струга и Агенцијата за промоција на туризмот се прогласуваа за ненадлежни за одржувањето на туристичката населба и на медиумите им одговараа дека не можат да се мешаат во нерасчистените имотно-правни спорови.

Последна медиумска информација е дека во 2019 година беше закажана постапката за продажба на имотот на компанијата „Треска“ преку стечајниот управник Радослав Ќипровски од Скопје, но Основниот суд Скопје 2 одлучи ден претходно да ја сопре постапката за продажба. Не е познато дали и ова одморалиште било дел од оваа постапка.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа