17 Мај, 2024
0.0274

БРАЌАТА НАКОВИ ИМААТ ПОВОД ДА ПРОСЛАВАТ - како „Фершпед“ успеа да го зголеми профитот за 27 проценти

Објавено во: Економија 04 Април, 2023

Добивај вести на Viber

За повеќе од една четвртина. Толку компанијата на семејството Накови лани ја зголемила својата добивка во однос на претходната, 2021 година.

Или, „Фершпед“ успеал лани да се закити со чист профит од 1,54 милиони евра, говори Билансот на успех на компанијата, што значи зголемување за 27 проценти во однос на претходната година, кога добивката на компанијата изнесувала 1,21 милиони евра.

Ако се погледне Билансот на успех, а како што кажува во своето образложение и самото акционерско друштво, тоа лани своите оперативни приходи и расходи ги зголемило незначително, или за по два проценти.

Оперативните приходи и расходи се инаку оние кои фирмата ги остварува од својата основна дејност, или како што го нарекуваат - кор бизнисот на акционерското друштво.

„Фершпед“ лани оствариле вкупни оперативни приходи од 78,3 милиони евра, што е за 2 отсто повеќе од претходната година, и најголемиот дел од овие пари се наплатени преку приходите од продажбата, кои изнесувале 77,9 милиони евра, исто така со раст за два проценти во однос на една година претходно.

Групацијата најголемите приходи ги има остварено дома, односно од продажбата на домашниот пазар, каде се реализирани 74,9 милиони евра, и таму порастот е за три проценти. 

Приходите од странскиот пазар, пак, кои и онака се многу ниска сума во вкупните приходи, имаат дополнително намалување во 2022 година, и тоа за 14 отсто во однос на една година претходно.

„Остварените вкупни приходи во периодот јануари-декември 2022 година изнесуваат 4.823.360 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во 2021 година бележат пораст од 2 отсто. Оперативните приходи во износ 4.818.407 илјади денари учествуваат со 99,9 отсто во вкупните приходи и истите бележат пораст од 2 отсто во споредба со оперативните приходи во 2021 година“, се вели во образложението од компанијата на остварените финансиски резултати кое компанијата го објави на Берзата.

Компанијата остварила оперативни расходи од 76,6 милиони евра, што е исто така раст за 2 проценти во однос а претходниот период.

„Вкупните расходи во износ од 4.716.476 илјади денари бележат пораст од 2 отсто во однос на вкупните расходи во 2021 година. Оперативните расходи во износ 4.713.863 илјади денари бележат пораст од 2 отсто. Најголемо учество во оперативните расходи со 82 отсто имаат расходите за услуги со карактер на материјални трошоци, во износ од 3.884.952 илјади денари“, објаснуваат од компанијата.

Ако се погледнат трошоците за вработените на компанијата, може да се види дека тие лани биле на ноиво од 4,6 милиони евра, и во однос на една година претходно, кај нив е забележано зголемување за 18 отсто, што значи дека во компанијата или има нови вработувања, или има зголемување на платите на вработените, што е секако добар потег.

Или, се на се, од оперативното работење „Фершпед“ лани оствариле оперативна добивка од 1,74 милиони евра, што во однос на една година претходно е зголемување за 23 отсто. .

Финансиските приходи учествуваат со 0,1 отсто во вкупните приходи и тие се намалени, а финансиските расходи бележат зголемување во однос на истите од претходната година.

Сето ова, и по плаќањето на даноците, резултираше со нето добивка за фирмата од 1,54 милиони евра, која, како што напишавме, значи зголемување од 27 проценти.

Компанијата уште и информира дека вкупните обврски по кредити на крајот на минатата година се намалени за 324 илјади евра, или 42,46 отсто во споредба со една година претходно, и тие претставуваат 1,2 отсто од капиталот и резервите.

Кои задачи си ги задава „Фершпед“ за следната година?

„Оперативните приходи се очекува да се зголемат за околу 4 отсто во однос на истите од 2022 година. Финансисите приходи се очекува да бидат на исто ниво како минатата година. Оперативните расходи се проектираат со зголемување за околу 4 отсто во споредба со минатата година, додека пак финансиските расходи се очекува да бидат да бидат на исто ниво како и минатата година. Се предвидува работење со позитивен финансиски резултат и благ пораст на оперативната добивка“, најавуваат од компанијата.

Додаваат дека поради осовременување на процесот на работење во 2023 година, се предвидува вложување во инвестиции во вредност од над 569 илјади евра. Тие се однесуваат на инвестиции во градежништвото и инвестиции во набавка на современа опрема, потенцираат од „Фершпед“.

„За реализација на планските цели и насоки се предвидува одржување и подобрување на квалитетот на преземените мерки, со цел да се зголеми задоволството на коминтентите, активен настап во доменот на локален и меѓународен транспорт, како и работењето на Друштвото во целина. Раководството ќе продолжи континуирано да ја следи макроекономската состојба, при што врвен приоритет останува одржување на тековна ликвидност и финансиска стабилност“, се вели во образложението на компанијата дадено за финансиските извештаи.                     

Инаку, во компанијата „Фершпед“ најголем акционер е исто така шпедитерската фирма „Макошпед“, која оседува 19,65 отсто од обичните акции. Потоа, двајцата браќа Накови, синови на долгогодишниот прв човек Штерјо Наков поседуваат по над 11 отсто од акциите, или конкретно, Драган Наков контролира 11,83 проценти, а Сашо Наков има 11,04 отсто.

Самиот „Фешпед“ поседува 9,99 отсто сопствени акции, додека, пак, фабриката за чоколади „Европа“ има 9,66 отсто од капиталот на компанијата.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА