18 Декември, 2025
0.0546

Братот на првата дама на Австрија ги застапува терористите

Објавено во: Свет 16 Јануари, 2015 12:59

Добивај вести на Viber

Братот на сопругата на претседателот на Австрија, Маргот Фишер, адвокатот Ленарт Биндер, правно ќе ги застапува осомничените за тероризам, што предизвика бурна реакција во земјата. Бундер, според пишувањето на виенскиот дневник „Естерајх“, најпрво го застапуваше Могамед М. кој по одлежаната казна во Австрија заминал во Сирија каде им се придружил на терористите од Исламската држава. Тој, исто така, по нападот на францускиот „Шарли Ебдо“, повика на слични акции во Австрија. Сега Бундер прифатил да го застапува, според оценките на обвинителството, главниот идеолог на радикалните исламисти во Австрија, кој проповедник на омразата на Мирсад Омерович, со потекло од Тутин. Омерович, кон крајот на минатата година, беше уапсен во акција на полицијата против џихадистите кои регрутираа луѓе од Австрија за редовите на Исламската држава и собирање на средства за оваа терористичка организација. Биндер се обидува Омерович да го извади од истражниот притвор, во кој моментално се наоѓа и воедно тужи бројни австриски медиуми. Тој и понатаму застапува и еден Чеченец кој се обидел од Австрија да се приклучи на Исламската држава во Сирија, но пред тоа беше уапсен. Ракцијата на водечките политичари во Австрија, според „Естерајх“, оди од збунетост до запрепастеност. Според весникот оценката е дека иако претседателот на Австрија, Хајнц Фишер, не може да одговара за делувањето на братот на својата сопруга, не одговара овој адвокат правно да ги застапува ваквите клиенти.

Можеби ќе ве интересира

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил