Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Објавено во: Свет 16 Декември, 2025 21:16
Воените беспилотни летала развиени од Украина ќе се произведуваат во „индустриски количини“ во Германија, преку соработка на украинската компанија „Фронтлајн роботикс“ и германската „Квантум системс“.
Производството продолжува според наредбата на украинското Министерство за одбрана, објави „Квантум Фронтлајн Индастрис“.
Директорот на заедничката компанија, Матијас Лена, најави производство на десетици илјади дронови годишно.
„Тоа е „првата целосно автоматизирана производствена линија за дронови во Европа за украинските вооружени сили“, рече тој.
Линијата ќе произведува украински дронови тестирани во битка, Линца за логистика, Зум за извидување, како и ракетен фрлач или митралез Бурја со далечинско управување.
Соработката е дел од иницијативата на Киев „Гради со Украина“.
Украина се обидува да премести дел од своето производство на оружје во безбедни европски земји и на тој начин да го избегне ризикот од прекини поради руските напади.
foto printskrin youtube
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница




