19 Декември, 2025
0.0421

Братот на Сашо Мијалков го мерка пазарот на електрична енергија

Објавено во: Економија 26 Март, 2024 12:46

Добивај вести на Viber

Владимир Мијалков, братот на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков и братучед на поранешниот премиер Никола Груевски, го зголемува својот интерес за бизнисот со електрична енергија според активностите и промените кои се забележани на Централниот регистар во изминатиот период.

Од средината на овој месец поранешниот советник на раководството на Царинската управа станал сопственик на компанијата „Перманент Сан ИТ“ на местото на извесна Даниела Нешовска. Фирмата е основана во октомври минатата година со дејност - производство на електрична енергија и со седиште во Кисела Вода.  Мијалков од пред десетина дена е и управител на ова друштво, кое засега нема лиценца за учество на пазарот на електрична енергија.

За разлика од „Перманент Сан ИТ“, која е новорегистрирано друштво, забележана е и промена на сопствеништво кај две поодамнешни фирми поврзани со Владимир Мијалков и истовремено за производство и трговија со електрична енергија.

Станува збор за „Косвинд“ и „Космак Винд Енерџи“, и двете од Скопје, Претходно медиумски беше објавено дека двете фирми датираат уште од 2011 и дека се раководени од блиско лице на братот на Сашо Мијалков. Од пред помалку од две недели, нов сопственик на овие две фирми, наместо „Инвалл Мак“ е „Адцрем“, компанија регистрирана во септември лани и со седиште во Карпош.

Владимир Мијалков беше советник на директорот на Царинската управа до 2018, кога си даде оставка на негово барање. За разлика од неговиот брат, Владимир беше во сенка на големите бизнис активности што ги преземаше Сашо Мијалков.

Семејството Мијалкови се поврзува со милионски бизниси со нафта, градежништво, обезбедување, хотели, недвижности, но во јавноста нема познати потфати на полето на електричната енергија.

Помладиот Мијалков како дипломиран економист добар дел од својот работен век го поминал во Царината каде што почнал да работи уште во 1999 година. Две години беше директор во Национална платежна картичка, фирма во која во управниот одбор едно време беше поголем дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

А.К.



Можеби ќе ве интересира

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?