17 Декември, 2025
0.0360

Братот на Вучиќ имал премиерско обезбедување, полицајците му се извинија затоа што го тепаа

Објавено во: Балкан 28 Септември, 2014 18:39

Добивај вести на Viber

Српскиот премиер Александар Вучиќ потврди дека неговиот брат Андреј и припадниците на неговото обезбедување биле претепани од полицајци во кордонот што ја обезбедувал Парадата на гордоста во Белград. Сепак, за српскиот премиер „приказната е завршена“ и за инцидентот нема повеќе детали. Вучиќ на вонредна пресконференција појасни дека дошло до „пречекорување на овластувањата“ на полицајците, неговиот брат и обезбедувањето добиле потешки повреди, но нема да покренуваат приватни претставки против инволвираните полицајци. Командантот на српската Жандармерија Миленко Божовиќ се извинил за инцидентот. Вучиќ потврди дека неговиот брат го придружувале дел од припадниците на премиерското обезбедување. „Ова за мене е најтежок ден во секој поглед, но јас тука не сум како брат. Го сакам најмногу на светот и се што можам да кажам е дека беше многу тешко кога со раскрвавени глави влегоа тој и двајца припадници на моето обезбедување. Тие луѓе кои тоа го направија се извинија и нема да има пријави. Некогаш и мал збор е доволен, дури и за потешки повреди, рече Вучиќ. Тој нагласи дека сите должат почит кон припадниците на полицијата, кои работат тешки задачи, „некогаш и спротивно на своите уверувања. „Јас ја разбирам таа нервоза, работеа нешто против своите уверувања“, рече Вучиќ, за кого ова прашање е затворено.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни