01 Септември, 2024
0.0247

БРАУДЕР: Путин има список од 12 лица кои сака да ги убие во странство

Објавено во: Свет 21 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Британски финансиер вели дека смртта на oпозиционерот Алексеј Навални го охрабрила рускиот лидер Владимир Путин. 

Путин има список од 12 лица кои сака да ги убие во странство, вели Бил Браудер, основач и извршен директор на инвестициска компанија од Велика Британија и критичар на Путин. Браудер во интервју за британски Мирор вели дека верува дека тој е прв за отстрел на списокот. Според Браудер, смртта на Навални ги сменила нештата за Путин.

„Фактот дека тој го уби најпопуларниот и најистакнат опозициски политичар, очигледно без страв од последици, вели дека луѓето кои му се спротивставуваат на Путин во Русија и во странство се изложени на многу поголем ризик од атентат“, вели тој.

Додаде дека убиството на Навални покажа дека Путин изгуби секаква воздржаност и дека ќе почне голема меѓународна убиствена треска која ќе ги вклучи сите негови непријатели во Велика Британија. 

„Верувам дека најмалку десетина луѓе се во опасност овде и ќе се фокусираат на оние од висок профил. Политичарите се изложени на ризик“, рече тој. 

Браудер до 2005 година бил најголем странски инвеститор во Русија. Потоа Тајм објави дека тој станал еден од водечките активисти за разоткривање на руската корупција и кршењето на човечките права. Браудер минатиот мај објави статија во врска со убиството на неговиот пријател, рускиот опозиционер Владимир Кара-Мурза.

Велика Британија воведе санкции против шест лица кои ја водат казнената колонија на Арктикот каде што минатата недела почина рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални. Началникот на казнената колонија и петмина негови заменици се под санкции.

Рускиот волонтерски корпус имал разработен план да го спаси сега веќе починатиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Како што пишува германскиот весник „Билд“, тие се обиделе да го извлечат Навални од суров затвор на далечниот север на земјата и да го префрлат на границата со Украина. Волонтерскиот корпус имал разработен план.

Весникот пишува дека планот на рускиот волонтерски корпус, единица составена од Руси противници на Владимир Путин кои се борат на страната на Украинците, бил да го ослободи Навални со напад на конвојот што го превезувал до „Поларниот волк“, односно казнената колонија ИК-3 во рускиот арктички круг, која се наоѓа на 1.900 километри од Москва.

фото: икс/принтскрин

Можеби ќе ве интересира

РУСИТЕ СЕ ПОФАЛИЈА: Зазеле село во источна Украина

РУСИТЕ СЕ ПОФАЛИЈА: Зазеле село во источна Украина

НАПАД ВО БОЛНИЦА ВО ИСТАНБУЛ: Ранети се пет луѓе, а напаѓачот избегал

НАПАД ВО БОЛНИЦА ВО ИСТАНБУЛ: Ранети се пет луѓе, а напаѓачот избегал

СТОЛТЕНБЕРГ: Правото на самоодбрана на Украина не застанува на границата

СТОЛТЕНБЕРГ: Правото на самоодбрана на Украина не застанува на границата

(ВИДЕО) УКРАИНА ЖЕСТОКО ВОЗВРАТИ: Има жртви во Белгород

(ВИДЕО) УКРАИНА ЖЕСТОКО ВОЗВРАТИ: Има жртви во Белгород

НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Жена со нож тешко рани најмалку шест луѓе

НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Жена со нож тешко рани најмалку шест луѓе

ЗЕЛЕНСКИ: Нападот во Харков немаше да се случи да имавме дозвола да нападнеме руски воени авиони

ЗЕЛЕНСКИ: Нападот во Харков немаше да се случи да имавме дозвола да нападнеме руски воени авиони

КАДИРОВ: Здравјето ми е добро, ситни поправки правам на секои три месеци

КАДИРОВ: Здравјето ми е добро, ситни поправки правам на секои три месеци

СРБИЈА КУПУВА АВИОНИ РАФАЛ ОД ФРАНЦИЈА: Што вели Москва за овој потег?

СРБИЈА КУПУВА АВИОНИ РАФАЛ ОД ФРАНЦИЈА: Што вели Москва за овој потег?

ШВАЈЦАРСКИ ЕКСПЕРТ ЗА НУКЛЕАРНА ЕНЕРГИЈА: Процесот на изградба на нови нуклеарни централи може да потрае 35 години

ШВАЈЦАРСКИ ЕКСПЕРТ ЗА НУКЛЕАРНА ЕНЕРГИЈА: Процесот на изградба на нови нуклеарни централи може да потрае 35 години