29 Септември, 2024
0.0235

Бразил е подготвен “да ја храни” Русија

Објавено во: Анализа 11 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Ова е можеби најдобрата вест на годината. На овој начин Франциско Туран, претседател на бразилската асоцијација на производители на пилешко и свинско месо (ABPA), ја нарече веста за руските санкции против прехранбените извозници од САД и Европа. "Бразил веднаш е во состојба да обезбеди 150 000 тони месо од живина за Русија, кои претходно се внесуваа преку американски компании", вели тој. Што се однесува до свинското ќе му треба повеќе време. Целата бразилска прехранбената индустрија во моментов е целосно изненадена од ненадејниот наплив на симпатии од страна на Русија - 80 кланици, млечни и птичји производители сега одеднаш добиваат зелено светло за извоз во Русија. Со години Бразил преговараше со трговскиот партнер за квоти и санитарни услови. Пред три години Москва исто така неочекувано го стопира увозот на свинско месо од Бразил и оттогаш, и покрај сите напори на Бразилците, останаа непопустливи во својата одлука. Но од мај Русите го сменија расположението ", вели бразилскиот министер за земјоделство Нери Гелер. Речиси за само 24 часа Русите заборавија на претходното несогласување за бразилскиот извоз на храна. Уште во јуни пет големи бразилски производители на месо добија лиценци за извоз за рускиот пазар. Извоз на месо за Русија е двојно зголемен од март наваму. Извозниците на пилешко месо во земјата тријат раце со околу 300 милиони долари во краток рок само од овој пазар. Брзото и сеопфатно отворање на рускиот пазар за бразилските земјоделски производи покажува дека Русија одамнаго подготвувала Бразил за заменик-провајдер поради санкциите кои ЕУ и САД ги наложија над Москва. И во тоа има смисла: Бразил е најголемиот извозник во светот на говедско и пилешко месо. И покрај делумното ембарго, во последниве години земјата останува главен увозник на свинско месо во Русија. Од корист за производителите на месо во Бразил е и фактот дека не само извозот на ЕУ и САД кон Русија ќе биде имобилизиран. Канада и Австралија, кои се сериозни конкуренти на светскиот пазар за животински протеини, исто така ќе бидат погодени од руското ембарго. Русија не се залага само за земјоделските производи. Руските компании ќе инвестираат и во нафтената индустрија, пристаништата и железничките мрежи на оваа јужноамериканска земја. Руските компании се особено заинтересирани во секторите во кои економијата на Бразил е конкурентна на меѓународен план - во биотехнологијата или компјутерските науки. K.K.