БРАЗИЛ Е ПРЕД КОЛАПС: Ако не го контролираат бројот на заразени, светот ќе биде во опасност
Објавено во: Свет, Корона Вирус 10 Март, 2021
Ако Бразил не го исконтролира растот на новозаразени цел свет ќе биде во опасност.
Предупредувањето од научниците укажува дека неконтролираниот раст на бројот новозаразени во Бразил може да ја загрози борбата против пандемијата во светот. Позаразниот П1 сој, отпорен на вакцините, стана доминантен во оваа држава и нема знаци дека ширењето на заразата може да се успори.
„Таа информација е атомска бомба. Изненаден сум од количината најдени варијанти на вирусот. Јавноста не сфаќа што значи тоа. Сите тие соеви се позаразни и ја забрзуваат епидемијата. Тоа е катастрофа“, вели д-р Роберто Краенкел, биолошки математичар од центарот за Ковид-19 во Бразил, пренесуваат светските медиуми.
Во Бразил болничкиот систем е пред колапс, а земјата е далеку од масовна имунизација. Бразил е трета земја во светот по бројот на заразени со коронавирусот, а досега починаа над 260.000 луѓе.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.