29 Септември, 2024
0.0298

БРАЗИЛ: Поразот ја урна надежта, ќе ја сруши економијата, паѓа и Дилма Русеф?!

Објавено во: Анализа 10 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Меѓу широко распространетите тези пред почетокот на Светското првенство во фудбал беше и таа дека можна загуба на титулата од страна на Бразил ќе биде позитивна за локалните финансиски пазари. Аргументот - расположението кај латиноамериканскиот гигант ќе доведат до пораз за претседателот Дилма Русеф на претстојните избори оваа есен, што ќе ги подобри изгледите за економијата на земјата.
"Шокантната загуба од Германија со 1:7 во полуфиналето беше толку тешка што ја разниша оваа теорија", посочува Џефри Денис, шеф на единицата за пазарите во развој при UBS AG.
Според зборовите на експертот, кој го надгледува развојот на бразилската економија во последните 20 години, поразот ќе влијае на шансите на Русеф за нов мандат, но исто така и ќе нанесе удар врз инвеститорите и довербата на потрошувачите во земјата во која фудбалот е национална вредност.
"Поразот е многу понижувачки и ќе има негативно влијание врз психата на Бразилците", посочува Денис. Тоа ќе ја потврди тезата на луѓето: "Видете, нашата економија се бори, ние не можеме да постигнеме раст, а сега дури и веќе немаме и пристоен фудбалски тим", вели аналитичарот.
Иако во берзите во Бразил ќе останат затворени поради националниот празник, експертите очекуваат негативен ефект врз меѓународните обврзници на оваа јужноамериканска земја, како и врз американските депозитарни сметки на контролирани од државата компании, како на пример Petroleo Brasileiro SA. Берзанската мерка Ibovespa додаде 19 отсто од рекордното за годинава дно од 14 март, откако намалената популарност на Русеф ги расеа шпекулациите дека очекуваната нова влада ќе интервенира нагло уште во есен и ќе даде летечки старт на економијата. Откако Русеф ја презеде функцијата во 2011 година, бразилскиот економски раст забави до просечната годишна стапка од 2 отсто - најниско ниво од 1992 година. Политиките на претседателската администрација, насочени кон заживување на економијата, ги зголемија значително корисничката инфлација до над 6,5%. Загубата на зелениот тепих, која беше најтешкиот пораз во историјата на земјата, ги урна надежите за надминување на националната трагедија од загубата од Уругвај на финалниот натпревар на Светското првенство во 1950 година. "Селесао" ќе игра во натпреварот за третото место на турнирот на 12 јули против губитникот од вториот полуфинален натпревар. Истражувањето на бразилскиот тинк-тенк Datafolha од 2 јули покажа дека 38 отсто од Бразилците би гласале за Русеф на изборите, кои се закажани за 3-ти октомври. Четири месеци порано процентот беше 44 отсто. Втор во анкетата беше економистот од Бразилската социјалдемократска партија Аесио Невес. Илјадници демонстранти демонстрираа во пресрет на Светското првенство, незадоволни од спроведените трошоци за домаќинството во износ од 11 милијарди долари. Повеќе од 1 милион луѓе излегоа на улиците минатата година, за да протестираат против инфлацијата, корупцијата и лошите јавни услуги. "Првенството на крајот може да ја чини Русеф на изборите, што од своја страна ќе ги стимулира со 25 отсто бразилските акции", изјави Алберто Бернал, раководител на одделението за истражување на Bulltick Capital Markets. "Ова ќе биде катастрофално за расположението во земјата", истакна експертот. "Ако пазарот не ја сфати можноста Дилма да не биде реизбрана, тогаш ќе има огромен подем", додаде тој. К.К.